1012 hPa
45 %

27 °C
Скопје - Вто, 15.07.2025 21:59
На 27 јануари ширум Европа се одбележува Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот и спречување на злосторствата против човештвото.
Овој датум е избран во знак на сеќавање на 27 јануари 1945 кога Црвената армија ослободи 7.500 затвореници кои зад себе ги оставиле нацистите во концентрациониот логор Аушвиц во Полска.
Еден од најпознатите светски споменици на жртвите од холокаустот е Музејот на Евреите во Берлин.
Музејот првично е изграден во 1933 година, но набрзо се затвора зашто Берлин е еден од центрите на нацистичките идеи за истребување на Евреите. Дури во 1978 година музејот продолжува со работа преку повремени изложби, но управата на градот во 1988 распишува конкурс за надградба на старата зграда.
Новиот музеј, изграден како додаток на стариот, е отворен за јавноста во 2001, а претставува ремек дело на архитектот Даниел Либескинд.
Зградата е направена во цик-цак облик, со површина од 161.000 метри квадратни. Содржи и посебно дизајнирани празни простори кои ја доловуваат беспомошноста на еврејскиот народ за време на холокаустот.
Една од најпознатите знаменитости во музејот е инсталацијата „Shalekhet“ (паднати лисја) на Менаше Кадишман. Станува збор за просторија со 10.000 стилизирани железни ликови расфрлани по подот. Посетителите на музејот, одејќи по железните лица, создаваат морничав звучен ефект на желзни окови.
Извор: radiosarajevo.ba