Европа, засрами се!

28.01.2013 11:09
Европа, засрами се!

Писмо од градоначалничката на Лампедеуза:

Јас сум новата градоначалничка на Лампедеуза. На оваа функција бев избрана во мај 2012 година, а веќе до ноември ми предадоа 21 труп на луѓе што се удавиле обидувајќи се да стигнат до нашите брегови. Тоа е неподносливо и многу болно, за мене и нашиот остров. Моравме да ги замолиме за помош другите градоначалници од нашата провинција, за да можеме достоинствено да ги закопаме најновите 11 тела, затоа што немаше повеќе место на нашите гробишта. Ќе се снајдеме некако, ќе ископаме нови гробови, но се прашувам, колку големи треба да бидат тие гробишта? Ме исполнува со бес рамнодушноста од епидемиски размери; ме вознемирува молкот на Европа којашто неодамна ја доби Нобеловата награда за мир, а молчи за овој масакр, затоа што овие луѓе умираат како да е војна. 

Секој ден сум сè повеќе убедена дека европската имиграциска политика свесно се согласува на ваквите жртви за да го спречи приливот на мигранти. Можеби сето ова го разбира како начин на одвраќање. Но, ако патот со чамци е последниот излез за овие луѓе, тогаш за тоа Европа треба да се засрами. Кога Европа би се однесувала како да се работи за наши мртви, тогаш би сакала за секој давеник да примам телеграма за сочувство. Како да имаат бела кожа, како да се работи за нашиот син којшто се удавил за време на летниот распуст.

Џуси Николини, градоначалничка. 

Извор: freitag.de 

ОкоБоли главаВицФото