Германски суд одлучи: интернетот е основно човеково право

28.01.2013 11:13
Интернетот е основно човеково право

Федералниот суд на правдата во Карлсруе пресуди дека интернетот е основен дел од човековиот живот. Германскиот закон наложува дека секој поединец може да бара надомест заради губењето на можноста да користи основни материјални нешта, што значи дека луѓето имаат право да побараат надомест во случај пристапот до интернет да им е пореметен од страна на давателот на услугата.

Судот ја донел пресудата по случајот во кој еден човек не можел да ја користи својата домашна DSL конекција речиси два месеци. Бидејќи овој вид конекција е одговорен и за неговата телефонска и факс линија, тој не можел да ги користи овие услуги од крајот на 2008 до почетокот на 2009.

Овој човек веќе доби отштета од својот провајдер поради тоа што морал постојано да го користи мобилниот телефон, но тој барал отштета и поради тоа што во целиот тој период немал интернет.

Портпаролот на судот изјави дека интернетот игра многу важна улога во животот и дека влијае и на приватниот живот на поединците на многу различни и пресудни начини. Поради тоа судот донел пресуда дека користењето на интернетот може да се поистовети со користењето на автомобилот и претставува едно од основните човекови права.

Инаку, францускиот уставен суд уште во 2009 година донесе пресуда според која пристапот до интернет е основно човеково право. Исто така, и Финска зазема сличен став една година подоцна, решавајќи дека секој граѓанин мора да биде опремен со широкопојасна конекција од 100 мегабајти до 2015 година.

Извор: www.dw.de

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото