Уморен човек

29.01.2013 10:45
Уморен човек

УМОРЕН ЧОВЕК

Некој откинуваше од него
Малку по малку.

Го остави обезбоен
И потресен.

Во чудо се бараше
Но не се пронајде повторно.

Од него нараснуваше злото
С
è додека не го обвитка.

Уморниот човек
Се препушти на судбината.


ЗЕМЈА ОД КАРТОН И ПАМУК

Во таа земја каменот не се разликува
Од птицата или душата:
Од памук се и од картон.

Кој сака нека ја извади душата
И нека ја стави на страна
И нека ја гледа како туѓо битие:
Сум видел духови на дрвја, птици, луѓе.

Луѓето-кукли пејат нема молитва:
Нивниот Господ Бог носи бела брада.
Луѓето-кукли и душите од памук!
Насмевки од тесто!
Дрвја од гума!
Очи невини и остри!

Боите се бледи, не врескаат.
Простор од два метри кубни.
Огнот е црвена марама, да ја земеш в раце.
Оваа земjа по картонот ја начкрта дете.
Детето сонува: не го буди.

Превод: Иван Шопов
Цртеж: Франц Кафка