Како продавачите на магла завладеаја со светот

01.10.2009 11:31
your_money__personal.Par_.73966.Image_.0.0.1.jpg

Голем идеолог, промашен научник или генијален пророк? Карл Маркс со своето животно дело „Капитал“ трајно се врежа во историјата на човештвото. Дали неговата анализа на општествените односи е исправна или промашена?

Дали навистина точно ја предвидел кризата на капитализмот? Соочени со реалноста на кризата која зема поголем замав, многумина и денес посегнуваат по неговите дела.

Стоката, тврди Маркс, има две особини: употребна вредност и разменувачка вредност. Употребливоста на еден предмет е доволно очигледна: јагленот нè грее и суши, лебот нè храни. Кога разменувачката вредност би била мерка за употребливост, парче леб би налагало многу повисока цена од, да речеме, блескаво скроен свилен градник, што очигледно не е случај. Како тогаш се воспоставува разменувачката вредност?

Еден заеднички елемент што го делат стоките е тоа дека се производ на труд. Затоа вредноста на предметот мора да ја одразува количината на труд вложена во него – труд кој е непосредно вклучен во изработката на предметот, како и трудот кој ги произвел машините во работилницата, како и трудот за добивање на суровините. Слични „работни теории на вредноста“ предлагале и Адам Смит, Давид Рикарди и многу други класични економисти. Меѓутоа, Маркс оди понатаму. Токму како што стоките имаат двоен карактер, поседувајќи и употребна и разменувачка вредност, така и самиот труд има двојна нарав. Употребната вредност е создадена со „конкретна“ или „корисна“ работа, која Маркс ја дефинира како „продуктивна активност од одреден вид, која и понатаму се развива со одредена цел“, додека разменувачката вредност произлегува од „апстрактната“ или „недиференцирана“ работа, која се мери исклучиво во категориите за негово траење – а меѓу нив две присутна е инхерентна напнатост. На пример, некој кој е кројач(ка) би можел да се обиде да изработи најотпорен капут за кој е способен да го направи. Меѓутоа, ако капутот е премногу отпорен, купувачот веќе никогаш нема да се врати за да купи друг, со што се загрозува дејноста на кројачот/кројачката. Истото е применливо и за ткајачот кој ја произвел ткаенината од која е сошиен тој капут. Затоа, потребата да се создаде употребна вредност се наоѓа во судир со потребата да се продолжи со создавање разменувачка вредност.

Фетишизам на стоката

Во религиозна смисла, фетиши се предмети кои се обожуваат поради нивните наводни натприродни моќи, како што се правело со остатоците на црковните светци во средновековна Европа. Во капиталистичката економија фетишизмот е верување дека стоката има некаква мистична интригантна вредност. Како и кај коските на светецот, станува збор за опсцено. „Досега“, пишува Маркс, „ниеден хемичар сè уште не нашол разменувачка вредност во бисерите или дијамантите...“ Необично е што е одбран токму тој пример, со оглед на тоа дека ги открива границите на самата теорија на Маркс. Ако, како што тој имплицира, разменувачката вредност на бисерите и дијамантите се изведува само од времето на труд кој е потрошен за нивно пронаоѓање и обработка, зашто некогаш луѓето плаќаат стотици илјади евра за еден дијамантски прстен или бисерен ѓердан? Зарем тие големи износи не би можеле да бидат поради ретката вредност на нешто, или доживувањата на убавината, или дури и наједноставната желба да се биде во повластена положба? Кога времето поминато во труд би било единствениот решавачки фактор, тогаш чкрабањата на Пикасо на некоја салфетка или шеширот кој некогаш го носел Џон Ленон не би вределе повеќе од неколку евра – додека шише вино од добра берба би вредело исто колку и шише вино од слаба берба, ако обете барале иста количина труд.

Учениците на Маркс со повеќе стравопочит ги решавале тие проблеми отфрлајќи ги како чудачки и небитни исклочоци од правилата. Покрај тоа, зарем самиот Маркс не истакнал дека стоката поседува „метафизичка проникливост и теолошки хирови“? Работната теорија на вредноста не е од голема помош во разбирањето зошто неколку прамени коса од Елвис Присли, кои ги собрал неговиот бербер, се продале за 115 000 долари на јавна аукција во 2002 г.; но можеби поимот фетишизам на стоката – „волшепствата и сеништата кои ги опкружуваат производите на труд“ – нуди барем делумно објаснување. Во својата најширока смисла, според Маркс, фетишизмот на стоката претставува „владеење на предметите над човечкото суштество, на мртвата работа над живата, на производот над производителот“. Сè што е цврсто, постојано се претвора во чад, напиша во Комунистичкиот манифест; сега, во „Капитал“, сè што е вистински човечно се претвора во безживотни предмети кои се здобиваат со изненадувачка живост и цврстина.

Вишокот труд создава заработка

Работната сила, според Маркс, е стока – и во тој случај нејзината вредност се мери како и вредноста на која било друга стока, со количината работно време потребно да се произведе и репродуцира. Може да се чини гротескно утврдувањето на вредноста на човечките суштества како да се лименки препечен грав, но токму тоа е смислата на она што го тврди Маркс: за Капиталистот, пазарот на труд не е ништо повеќе од уште еден огранок на пазарот на стоки. Тогаш, како Капиталистот ја утврдува вредноста на таа стока?

Со оглед на тоа дека работникот е смртник, износот на неговата вредност мора да ги вклучува „животните средства на заменските луѓе, т.е. децата на работниците, така што, таа раса на специфични сопственици на стоки се овековечуваат на пазарот на труд.“ Таа исто така мора да го содржи и уделот – „занемарливо мали за обична работна сила“ – за одгледување и образование.

Маркс пресметува дека целосниот износ потребен за животниот минимум е еднаков на времето од отприлика шест часа работа на ден. Но дали Капиталистот ќе им дозволи на своите работници да ја прекинат работата на крајот од нивните шест часа потребен труд? Во никој случај. За да ја заработат својата дневница, тие мораат да работат дополнителни пет или шест часа, со тоа овозможувајќи „вишок на труд“ кој создава профит. „Од почетокот тој не содржи ниту еден единствен атом (вишок) своја вредност кој не би потекнувал од неплатениот, туѓ труд“ заклучува Маркс, поистоветувајќи ја таа експлоатација со „старата постапка на освојувачите, кои од победените купуваат стоки со нивните одземени пари“. Единствена разлика во споредба со минатите времиња е измамата со која грабежот е прикриен од жртвите.

Работен ден

Поглавјето за работниот ден, едно од најдолгите во книгата, е „збирка хорор приказни“, кое Маркс со обликувал во соодветен готски стил. „Капиталот е умрена работа која, како вампирот, оживува преку вцицување на живата работа и живее онолку повеќе колку што успева да исцица“, пишува тој во своите воведни одломки. По повеќе од седуманесет страници, по „крвавата гозба“, Маркс заклучува дека „вампирот и понатаму не сака да го пушти својот плен“. за да се заштитат од тој крвопиец, работниците „мораат да се здружат и како класа да изнудат носење државен закон, надмоќни општествени забрани кои ќе ги спречат самите под доброволен договор со капиталот во себе и својот труд да им се продадат на ропството и смртта“. Но Маркс признава дека таквиот закон сам по себе не би бил доволен да ги избрка Капиталистите затоа што тие имаат уште еден начин на зголемување на производноста, а со тоа и вишокот вредности.

Ако работната сила е навистина стока со единствена вредност, би можело да се очекува натпревар меѓу вработените за поголеми дневници – и во периодот на целосна вработеност тоа и навистина би можело да се случи. Меѓутоа, како што расте трошокот за труд, Капиталистот сфаќа дека вложувањето во погонски машини кои штедат и кои порано се чинеле неекономични, сега добива финансиска смисла, посебно ако тој може да продолжи работната недела. Според Маркс, „Капиталот... има постојан порив и непрестајна тенденција на зголемување на производната сила на трудот, за да ја поевтини стоката, а преку посредство на поевтинувањето на стоката, да се постигне и поевтинување на самиот работник“.

Циклусите на модерната индустрија

Капиталистичката примена на технологијата произведува облик на вечно движење. Машината која работи 16 часа дневно за време на седум и пол години произведува исто онолку колку и машината која работи 8 часа дневно за време на петнаесет години. Иако на завршениот производ повеќе не ја пренесува вишок вредноста, тој на Капиталистот му дозволува двапати побрзо да го извлече тој профит. Затоа е присутна силната иницијатива машините да се употребуваат што е можно повеќе во текот на денот, продолжувајќи ги смените на оние кои внимаваат на машините – а тие воопшто не се наоѓаат во положба да се спротивстават на тоа, бидејќи автоматизацијата го засилува и натпреварот за работни места, создавајќи го она што Маркс го нарекува „резервна армија“ невработени. Тој вишок работничко население не е нужен нуспроизвод на индустрискиот капитализам. Токму напротив, тој станува и упориште на капиталистичката акумулација обезбедувајќи „мноштво човечки материјал секогаш спремен за експлоатација“. Кога пазарот набрзина ќе се прошири или ќе се појават нови гранки, како што е случај со железницата, „мора да постои можност за ненадејни префрлања голема маса луѓе во пресудните области, не предизвикувајќи никаква штета на опсегот на производство во другите сфери. Вишокот население ги обезбедува тие маси“. Цикличниот образец на модерната индустрија – период на просечна активност, по кој следат производство со полна пареа, криза и стагнација – зависи од честото обликување, впивање и повторното обликување на резервната индустриска армија. Различните фази на тој циклус го врбуваат вишокот население, но тие стануваат и енергетска сила за негова репродукција.

Закон на капиталистичката акумулација

Маркс нема никакви илузии за наводно светата симетрија на законот за понуда и побарувачка. Побарувачката за труд не е иста со зголемувањето на понудата на капиталот, бидејќи „тоа не е случај на две независни сили кои влијаат една на друга. Не се поделени на сите истите коцки за игра“. Овде тој го напаѓа „еден од големите потфати на економските апологети“ – сфаќањето кое го раширија неколкумина економисти од средното викторијанско доба дека воведувањето нови фабрики или проширувањето на старите на некој начин „ги ослободува работниците“. Тие се ослободени, тврди тој, само во смисла дека сега целосно се без работа, „и секој нов дел од капиталот, кој насекаде бара начин како да делува, може да ги искористи“. Кога ќе најдата вработување, стравот дека повторно ќе и’ се придружат на резервната армија ги прави позрели за експлоатација. Затоа, заклучува Маркс, колку е поголема продуктивноста на работата, толку е поголемо „релативното мнозинство“ на резервна индустриска армија. Последица на порастот на општественото богатство е зголемување на официјалното осиромашување. „Тоа е апсолутен општ закон на капиталистичката акумулација“, вели тој, додавајќи дека „како и сите други закони, и тој станува изменет за време на својата примена под влијанието на многу околности, за чија анализа овде нема да стане збор“.

Прогресивна пауперизација

Но тоа е мит заснован на погрешно толкување на „Општиот закон за капиталистичка акумулација“ во 25-то поглавје на првиот том. „Пауперизмот“, вели Маркс, „создава егзистенцијални услови за капиталистичко производство и развој на богатството. Тој спаѓа во првобитните грешки на капиталистичкото производство кои капиталот умее да ги оттргне од себе и да ги фрли врз грбот на работничката класа и ситната буржоазија“. Во тој контекст тој, разбирливо, не нè упатува на целиот пролетаријат туку на „најнискиот слој“ на општеството, како што се постојано невработените, болните, заборавените – слој кој постои и денес и кој често се нарекува ниска класа.

Но Маркс рекол дека во капитализмот ќе дојде до релативен – не апсолутен – пад на дневниците. Тоа може да се докаже како вистинито: ниту една компанија, која има 20% раст вишок на вредност, нема да го предаде сиот тој плен на својата работна сила во облик на 20% покачување на платата. „Значи,“ пишува Маркс, „следи дека, пропорционално на тоа како се акумулира капиталот, ситуацијата на работникот – без разлика дали платата му е голема или мала – мора да се развива послабо“. Овде клучниот дел „неговата плата, голема или мала“: работата сè повеќе и повеќе заостанува зад капиталот, без оглед на тоа колку автомобили и микробранови печки можат да си приуштат работниците.

Работна етика

За време на 1970-те многу се зборуваше за неизбежниот период на „слободно време“ во кое едвај ќе работиме нешто, благодарение на автоматизацијата – па се појавија куп книги кои најсериозно се занимаваа со тоа како ќе си го исполнуваме новото слободно време, а да не станеме безнадежно летаргични. Секој што ги забележал тие заборавени памфлети во книжарниците со второкласни книги, денес би му се изнасмеал на сето тоа. Просечниот британски работник денес работи 80 224 часа за време на својот работен век во споредба со 69 000-те часови во 1981 г. Не само што ја заборавивме работната етика туку се чини дека денес најмногу сме заробени во неа. Во мода се книги кои мрачно прашуваат како можеме да оствариме „рамнотежа меѓу работата и животот“ во период кога многу луѓе немаат време за ништо друго освен за работење и спиење.

Криза

Во Комунистичкиот манифест од 1848 г. Маркс веќе го насочи вниманието кон трговските кризи кои со своите периодични појавувања сè поопасно ја доведуваат во прашање егзистенцијата на целото граѓанско општество. Во тие кризи редовно се уништува голем дел не само готови производи туку и веќе создадени производствени сили. Во кризите избива општествената епидемија која во сите свои рани епохи би изгледала како бесмислица – „епидемијата на прекумерно производство“. Околностите на буржоаското општество биле, тврди Маркс, едноставно преоскудни за да ја опфатат изобилноста која ја создале. Капитализмот имал два начина како да го преброди овој проблем: „Од една страна, со изнудено уништување на масите производствени сили; од друга страна, со освојување нови пазари и темелна експлоатација на старите. Значи, со што? Со тоа што подготвува сестрани и посилни кризи, а ги намалува средствата за спречување на истите“.

Тоа е циклус на „просперитет и крах“ кои владеат откако настојуваат да им избегаат на сите сили. Според Маркс, не е можно никакво бегство толку долго додека капитализмот преовладува: плимскиот ритам на експанзија и рецесија е составен дел на системот со природна тенденција кон прекумерно производство. „Вистинско ограничување на капиталистичкото производство“, пишува тој во третиот том на Капитал, „е самиот капитал“. Ако зачувувањето на вредностите на капиталот почива на експропријација и осиромашување на мноштво луѓе, тоа секогаш ќе доаѓа во судир со истовремениот порив на капиталот кон неограниченото и безусловно ширење на производството. „Последната последица од сите вистински кризи секогаш ќе биде сиромаштијата и ограничената потрошувачка на мнозинството споредена со тенденцијата на капиталистичкото производство да развие производствени сили на тој начин што само апсолутната моќ на целото општество ќе биде нивната граница.“

Извор: h-alter

Илустрации: Mirko Ilic

ОкоБоли главаВицФото