„Идеологии“ и „стратегија“ на дело

01.02.2013 08:59
„Идеологии“ и „стратегија“ на дело

1.

И покрај јавниот повик до „Комисијата“ за ликовна уметност, на два пати повторен, за јавно образложение на критериумите при селекцијата и начелата според кои ја стокмиле националната програма во делот за ликовната уметност, немаше никаков одглас. До душа, од полуписменион Малиданов тоа тешко можеше да се очекува. Ама нашион сезнајко А. „Р“ – Сарајлија, и тој да остане сокриен како стаорче во дупче? Или не му одговара темата?

Секако не, но затоа, повторно, по којзнае кој пат нè почести со неговите веќе историски дијареични бљувотини, но сега така „мајсторски“ завиткани во невиден говор на омраза што тешко се заборава. А другите ги нарекува – „хејтери“!? (И патем, прашање за „Утрински“: има ли уредништвото некаква мерка до кога ќе објавува вака интонирани писанија?).

Што ли му згрешиле комунистите на овој шапшал па вака да ги пцуе и черечи? И тоа на национално ниво, во национален дневен весник. Ама заборава, на пример, дека голем дел од неговите нови пајташи беа токму носители на комунизмот! На пример, оној „голем“ историчар Зоран Тодоровски беше партиски секретар во некогашниот Републички комитет за култура. Ама сега, како носечки кадар, сече вени за вемерото, заедно со Сарајлија. Да не зборуваме за другине човечиња од Фронтот му, оние самонаречени идеолози режисерчиња, драматурзи, колеги уметници … кои едно време гордо шетаа со петокраката на чело!

2.

А со посебен ќеиф може да се следат нови примери за вакви превртливци/трансформери, кои денес јавно се резилат по весници. На пример, Паско Кузман и оној мрморко-марксист Димитар Димитров. Едно време обајцата удобно и лукративно беа залегнати во „омразената“ им стара идеологија, па подоцна заедно прдеа и смрдеа во партиската лејка на Љупчета, а сега се плукаат каде ќе стигнат. Ама на научна основа! А двајцата „поминале“ покрај науката. Паско сега, после гробот на Ацета, го откри и Тројанскиот коњ. Ама не знае што му се случува со културното наследство. Ниту пак со Борко Лазески!!! А оној циникон Д.Д. сега се закачил да ја брани Македонија! Чувај Боже! Како што вели Кузман – дијалог на „двајца глуви Македонци“. Да не згрешил некоја буква во придавкана „глуви“?

А и Цветан Грозданов, како претседател на Совет во Министерството, исто така не знае што му се случува со културното наследство! Не пушта глас за ништо, како да е на Марс. А можеби е?

3.

Но, неколку зборови и за актуелната ни Стратегија за развојот на културата, која што деновиве, без опозицијата, на брзина „ја поминаа“ во Собранието, за да нема спротивставено мислење. Инаку, сè ќе одеше курбан, зашто тие што го подготвувале тој „документ“ се вистински шампиони. А бе една работа да не се погоди? Сè да се испреврти, од дефиниција за културата па до крај, баш онака „како мали Ѓокица замишља …“!? Е, за тоа треба мајсторство.

4.

Но, немам намера да го коментирам текстот – зашто всушност нема што да се коментира – туку сакав збор-два за стратегијата преточена во практиката. Зашто хартијата, велат, трпи сè. Ама вистината е во практиката, во секојдневието.

Сосема солиден пример за тоа е токму Националната галерија на Македонија, како една од носечките национални институции (ееееј, тоа го признава и Сарајлија, ама не кажува каква беше, а каква ја направија неговите соборци Крстевска и компанија!). Елем, прво беше Крстевска. И таа спроведуваше „стратегија“ на дело (иако, всушност, таа и не знае што значи тој збор). Распрчка сè што можеше, ја упропасти и завлече институцијата во долгови, „Мала станица“ ја претвори во дупка за размножување стаорци. И тоа е некаква стратегија! Потоп!

По неа дојде – земјотрес/катаклизма … во ликот и делото на Палоши. Инаку биолог, што веројатно се поклопува со стратегиските цели на Министерството за култура. И таа, како „стручњак“, за година дена, вели, видела и научила сè (ееееј богати). Односно, онака стратегиски преведено, тоа значи: дека на уметниците од проектите треба да им се задржуваат 15% проценти од добиените средства, дека со нив (со уметниците) не смее да се разговара за ништо околу проектот, дека кустосите не смеат да го напуштаат работното место туку ќе прават програма од канцеларија, дека нема што уметниците да се молат за изложби … итн., итн. Човек да гледа, да слуша и – да плаче. И цела Национална галерија молчи, Министерството за култура уште повеќе, нашион комунистомразец кој седи во Советот на Министерството као нема појма … И тоа ли е дел од стратегијата преточена во пракса?

Или, на пример, МСУ? Една жена – „стручњак“ држи цела институција во заложништво! Со две-три изложби годишно и „гоооолеми“ странски изложби, ама на офсет!? Од приватни колекции?!

Е па, ако само во две национални институции – велат носечки – вака се разбира и спроведува стратегијата за развој на културата, како ли е во цела држава? Каква полза од толку хартија и процедури кога преточена во дело, во пракса, таа стратегија јасно и јавно си го покажува вистинското лице?

5.

А еве, меѓу другото, што на хартија вели фамозната Стратегија за ова:

- „Од стратешка важност за развојот на македонската култура е таа да се заснова врз врвни уметнички, професионални и стручни критериуми …“ (стр. 4)

- „Промовирањето на европските стандарди во културата претпоставува соодветна измена и на начинот на управување со културата“ (стр. 11)

- „Значаен сегмент во работењето на културните установи е кадровскиот менаџмент односно раководењето со човечките ресурси …“ (стр. 11), итн., итн.

И – коментар?

Извор: teodosievski.blog.mk
Слики: Свирачиња

Слични содржини

Општество / Став / Култура
Став / Култура
Став / Култура
Став / Култура
Став / Култура
Општество / Јавни простори / Култура / Уметност
Став / Култура

ОкоБоли главаВицФото