Подемот на Хитлер низ фотографии

05.02.2013 13:15
Подемот на Хитлер низ фотографии

(горе) Хитлер на собир во Палатата на спортовите во Берлин, 1930.

Адолф Хитлер и неговата Националсоцијалистичка работничка партија на Германија (NSDAP) со години грижливо работеле на нивното доаѓање на власт. По неуспешниот обид за пуч во Минхен уште во 1923 година, овој Австриец и неговите соработници фокусирано се ангажирале околу освојување на власта по демократски пат. За да го постигне тоа, Хитлер побарал и добил поддршка од индустријалците и другите центри на моќ. Карактеристични за Хитлер биле гласните настапи, во голема мера насочен против Евреите, левичарите и странските сили. Светската економска криза длабоко ја потресла Вајмарската република. Незадоволството на Германците било огоромно, што Хитлер многу добро знаел да го искористи.

Претседателот на Рајхот Хинденбург во униформа на царската армија со шпицест шлем, 1930.

Во 1932 година, се чинело дека се намалува сјајот на ѕвездата на Хитлер. Внатрешните борби ја ослабнале неговата партија. На првите избори во Рајсхтагот во 1932 година, NSDAP добила 37,3% од гласовите, а веќе на вонредните избори истата година добила 33%. Следувале неколку влади без парламентарно мнозинство. Во почетокот на 1933 година, национал-конзервативците верувале дека можат да го искористат Хитлер така што ќе го примат во владата и со тоа ќе го инструментализираат и ќе го држат под контрола. Во текот на јануари биле водени тајни преговори со Хитлер и бил договорен прием кај остарениот претседател на Рајхот и вечен вљубеник во предемократската мисла, Пол фон Хинденбург.

Берлинците го прославуваат именунвањето на Хитлер за канцелар, Вилхелмсштрасе.

Хинденбург го именувал Хитлер за канцелар на 30 јануари 1933 година. Тогаш, власта ја презел прочуениот непријател на демократијата.

Хитлеровиот кабинет по формирањето на владата. Седат од лево кон десно: Херман Геринг, Адолф Хитлер, Франц фон Папен. Стојат од лево кон десно: Франц Целте, Ханс Хајнрих Ламерс, Др. Герике, Јохан Лудвиг Граф Шверин фон Кросик, Вилхелм Фрик, Вернер фон Блумберг и Алфред Хугенберг.

Национал-козервативците биле мнозинство во кабинетот на Хитлер. Освен канцеларот, нацистите именувале и министер за внатрешни работи, Вилхелм Фрик и министер без ресор, Херман Геринг. Но, само неколку месеци подоцна, Хитлер ги истиснал од владата оние коишто му помогнале да дојде на власт.

Хитлер како премиер излегува на прозорецот на канцелариите на Рајхстагот, 30 јануари 1933.

Со запалени факли, националсоцијалистите го слават преземањето на власта, Вилхелмсплац.

Именувањето на Хитлер за канцелар и почетокот на владеењето на ужасот веднаш го прославиле и припадниците на SA (Sturmabteilung), движејќи се низ Берлин со запалени факли.

Хитлер му се обраќа на германскиот народ преку радио, 1 февруари 1933 година.

Во почетокот, Хитлер се обидувал да остави впечаток на умерен пацифист, но истовремено во тајност го започнал процесот на целосно преземање на државата.

Толпата на Мариенсплац во Минхен, 9 март 1933 година, кревањето на знамето.

Преземањето на власта од страна на Хитлер било поддржано од голем дел од населението. Ширум Рајхот биле одржани слични свечености.

Врвот на нацистичката партија излегува од берлинската катедрала, каде што на 20 април 1933 година била одржана служба по повод роденденот на Хитлер. Во средината е Јозеф Гебелс во цивилна облека, десно е групенфирерот на SA и принц Аугуст Вилхелм од Прусија, а лево е групенфирерот на SA Карл Ернст.

Нацистите умешно ги придобиле царските елити и другите кругови на моќта.

Официјалниот плакат на фрајбуршката дијацеза, повик за верниците да ја признаат легалната влада.

И католичката црква, којашто се противела на доаѓањето на нацистите на власт, го признала движењето на Хитлер. Ватикан му помогнал на новиот режим да се здобие со почит низ светот.

Отворање на автопатот Мајна-Некар.

На Хитлер му одело во прилог подобрувањето на економската ситуација по Големата депресија. Порастот на вработеноста и изградбата на патишта била резултат на напорите на претходните влади. Тие успешно преговарале за простување на воените долгови на Германија и на тој начин ги припремиле плановите за развој на инфраструктурата.

Протест одржан во февруари 1933 година против доаѓањето на националсоцијалистите на власт. На транспарентот стои слоганот: „Берлин останува црвен“.

Демократската опозиција, а пред сè социјалдемократите, очајнички се обидувале да ги променат нештата. Во меѓувреме, Хитлер ги донесувал, а Хинденбург ги потпишувал итните одредби со коишто се ограничувале граѓанските права. Во март била одржана последната слободна седница на Рајхстагот во којашто единствено SDP гласала против законот за ополномоштување, којшто го означувал фактичкото укинување на слободата на парламентот. Пратениците на комунистичката партија веќе одамна биле исклучени. Преостанатите демократи меѓу носителите на пратенички мандат, а меѓу коишто бил и подоцнежниот претседател на Сојузна република Германија, Теодор Хојс, гласале за.

Прозивка во концентрациониот логор Орајненбург, Берлин 1933 година.

Чекор по чекор, новиот режим почнал да ја менува државата и да ги елиминира политичките противници. Некои биле убиени од страна на Хитлеровите командоси, други заминале во егзил или завршиле во новата форма на затвори – концентрационите логори.

Припадник на SA во април 1933 година, со натпис со којшто се повикува на бојкотирање на еврејските продавници низ Берлин.

Како што и најавиле во програмата на партијата, берзбројните говори и напаѓачките написи по весниците, националсоцијалистите веднаш се впуштиле во прогонување на германските Евери. Следувале апсења, напади, потоа одземање на правата, имотот и на крајот масовните убиства.

Протестен собир против доаѓањето на националсоцијалистите на власт, Медисон Сквер Гарден, Њујорк, 1933 година.

Надвор од земјата биле одржани низа протести против новата власт во Германија. Но, без ефекти. Нацистите се труделе да се претстават како пацифистичко движење. Врвот на измамата биле Олимписките игри во 1936 година во Берлин и Гармиш-Патернкирхен. Неколку години подоцна, Хитлер му го покажал на светот она што уште одамна го најавил во Германија – цврстата одлучност да води војна.

Хитлеровото обраќање кон берлинските одреди SA, пролетта 1933 година. Зад Хитлер е шефот на SA Ернст Рем. По една година, Хитлер наредил негова ликвидација.

За само неколку месеци од преземањето на власта, Хитлер го задушил секој отпор и вовел функционална дикатура. Оттогаш, со полна пареа работел на остварувањето на својот сон – создавање нова светска сила. Тоа се обидел да го постигне со брутална војна, сè до целосно уништување.

Извор: sueddeutsche.de

ОкоБоли главаВицФото