Монти Пајтоновци повторно се собираат за нов филм

07.02.2013 10:24
Монти пајтоновци повторно се собираат за нов филм

Членовите на Летечкиот циркус Монти Пајтон повторно се собираат за да работат на филмот Absolutely Anything - научно фантастична фарса која е комбинација од компјутерска графика и жива глума.

Филмот ќе го режира Тери Џонс, додека продукцијата ќе му биде доверена на Мајк Медавој, а една од улогите доби и Робин Вилијамс.

Членовите на Летечкиот циркус Монти Пајтон ќе ги позајмат своите гласови за една група вонземјани која му дала моќ на еден земјанин да може да прави што сака, за да видат како сè неволји ќе предизвика, што е точно она што се случува потоа.

„Ова не е класичен Пајтоновски филм, но поседува идентичен сензибилитет“, изјави Џонс за Variety.

Тој ги режираше филмовите Монти Пајтон и Светиот Грал од 1974, како и Житието на Брајан и Смислата на животот на Монти Пајтон.

Џонс изјави дека Џон Клиз, Тери Гилијам и Мајкл Пејлин веќе се согласиле да учествуваат во новиот проект, а се очекува да им се придружи и Ерик Ајдл.

Преостанате пет членови на групата последен пат се појавија заедно во 1998 година на Фестивалот на комедијата во Аспен кога со себе ја понесоа и урната во која наводно се наоѓала пепелта на Греам Чепмен, починатиот член на Монти Пајтон.

Извор: B92

ОкоБоли главаВицФото