Откриен дел од мозокот што е виновен за груевизмот

08.02.2013 11:05
Откриен дел од мозокот што е виновен за груевизмот

Неврологот Горан Менгелевски од универзитетот „Паљурци“ тврди дека поттикнувачот на развојот на оваа мрачна идеологија се наоѓа во средишниот дел од мозокот и оти на рендген-снимките се прикажува како темна маса.

Паљурскиот невролог Горан Менгелевски е уверен дека го пронашол делот од мозокот што е одговорен за груевизмот. Научникот тврди дека делот од мозокот кој го поттикнува мрачниот развој на оваа нехумана идеологија се наоѓа во средишниот дел од мозокот и дека на рендген-снимките се прикажува како темна маса. Менгелевски дошол до ова откритие додека, по задача од македонската влада, проучувал закоравени груевисти.

„На овие луѓе им прикажувавме кратки филмови и притоа ги меревме нивните мозочни бранови. Kога се емитуваа брутални сцени, тие не покажуваа емоции. Во деловите на мозокот одговорни за сочувство и тага не се случуваше ништо“, изјави Менгелевски.

Проучувајќи закоравени груевисти, како и поддржувачи на антиквизацијата и квази демохристијани, Менгелевски открил дека снимките од мозоците на тие луѓе редовно имаат некаков недостиг во долниот дел на фронталниот лобус. Исто така, дел од неговото истражување се однесува и на влијанието на туморите и мозочните повреди врз промените на карактерот. Научникот запознал луѓе кои „тргнале по лошиот пат на груевизмот“ откако им се појавил тумор, а кога туморот бил отстранет, истите луѓе престанале да се занимаваат со груевистички активности.

Менгелевски ги дели груевистите во три групи. Во првата група ги вбројува личностите кои пораснале во околина каде што насилството, неразумноста или православниот радикализам се сметале за нормални. Во втората група спаѓаат личности со психички проблеми кои светот го сфаќаат како закана, а во третата се чистите психопати, како Адолф Хитлер или Јосиф Сталин.

Инспирирано од овде.