
Во 1969 година, за изданието на прочуениот роман на Луис Керол, Алиса во земјата на чудата, илустрациите ги направил Салвадор Дали. Издавачката куќа Maecenas Press-Random House од Њујорк го објавила ова издание и уште во текот на првиот месец од продажбата станало нивната најпродавана книга. Освен тоа, ова издание е едно од најбараните дела на Салвадор Дали. Содржи 13 хелиогравури, по една за секое поглавје во книгата и посебна илустрација за насловната страница.
Извор: brainpickings.org