Домородска лекција за ксенофобите

09.02.2013 12:40
Домородска лекција за ксенофобите

Видеото од еден американски домородец кој ги критикува собраните ксенофоби на маршот против илегалната имиграција во Аризона, стана интернет хит откако тој беше снимен како им порачува дека демонстрантите и нивните предци се вистинските илегалци кои извршиле инвазија врз неговата земја и убиле илјадници староседелци.

„Вие сте ебани илегалци. Вие сте илегално на оваа земја“, им вели овој Индијанец на демонстрантите во Таксон, Аризона, собрани за да демонстрираат против доаѓањето на луѓе од Средна и Јужна Америка.

„Ние не викнавме никого овде. Ние сме единствените вистински Американци тука. Откачете ми се со вашите аргументи. Ние сме единствените кои сме легално овде“, им викаше Индијанецот.

Некои од собраните му аплаудираат на човекот кој го соголи лицемерието на антиимигрантските демонстранти кои самите се имигранти или нивни потомци. Во видеото кое е објавено во април 2011, но кое дури неодамна стекна поширока популарност на интернет, се гледа како овој домородец го шета своето бебе во количка и одржува своевиден контрапротест.

Еден од демонстрантите кој се најде во негова близина стана директна мета на неговиот бес. Тој носи мало американско знаме и знак на кој е испишана ксенофобична порака.

„Требаше да го ставиме овој знак кога вие кучкини синови дојдовте“, врескаше Индијанецот.

Вперувајќи го прстот во американското знаме кое го држи демонстрантот, овој домородец вели дека тоа „ја претставува пролеаната крв на американските староседелци кои ја бранеле земјата од окупаторите“.

Аризона долго е позната како Мека за расистичките организации, антиимигрантските протести и иницијативи.

Врховниот суд на САД во јуни минатата година делумно го потврди контроверзниот Закон за илегални имигранти кој претходно беше изгласан во Аризона, а им дозволува на властите од соседните држави и при рутинска контрола на сообраќајот да ги проверуваат документите за легален престој во САД.

Судот ја уважи законитоста на основата на самиот акт, но отфрли три придружни делови, со што делумно е потврдено барањето на администрацијата на претседателот Барак Обама, која бараше за имигрантските права да се изјаснуваат федералните власти, а не властите на поединечните сојузни држави.

Најважниот дел од законот, кој им овозможува на полицајците и при рутинска контрола да побараат од граѓаните документи кои докажуваат дека нивниот престој во САД е легален, е усвоен со едногласна одлука на Врховниот суд.

Противниците на законот сметаат дека тој служи за расно профилирање на луѓето и дека ќе биде насочен пренствено кон граѓаните од латиноамериканската популација.

Извор: e-novine

ОкоБоли главаВицФото