1007 hPa
88 %
12 °C
Скопје - Чет, 25.04.2024 12:59
Бездната не е мала. Ќе ја прескокнам. Во моментов сум над неа, во воздухот. Очигледно е дека ќе успеам. Без морничавост ги гледам спилите што ги надлетувам. Се тегнат под нозете како забавен филм. Доскокот личи на точка која го потврдува прелетот. Плочата под нозете се крши. Целиот брег се распластува. Губам рамнотежа. Во моментов, пак сум во воздухот. Со раце полни корења, базови трева.
Слика: The Royal Art Lodge