Папата Бенедикт XVI се повлекува за да ѝ се посвети на верата

13.02.2013 12:29
Папата Бенедикт XVI се повлекува за да ѝ се посвети на верата

Ватикан, 13 февруари 2013

Папата Бенедикт XVI денес објави на Твитер дека се повлекува од местото врховен поглавар на Римокатоличката црква затоа што сака да ѝ се посвети на верата.

Портпаролот на Ватикан, Федерико Лобмарди, го ретвитуваше твитот на Папата додавајќи дека тој ќе се повлече на 28 февруари во 20 часот.

Самиот папа изјави дека неговата посветеност на верата додека бил поглавар на Римокатоличката црква не била задоволителна и дека во тоа најмногу го спречувала неговата должност.

„Притисокот е преголем, има премногу секојдневни обврски, очекувањата се преголеми и едноставно сето тоа направи малку да ја занемарам мојата прва љубов, религијата“, изјави папата.

„Се надевам дека сега конечно ќе имам доволно време да се посветам на Бога и духовноста, нештата со кои последниве неколку години се занимавав само кога имав малку слободно време“, додаде тој.

Одлуката на Папата ги шокираше верниците ширум светот, бидејќи е првиот папа по 600 години кој ја ставил верата пред кариерата.

Извор: www.njuz.net