Зголемен бројот на младите Бугари апликанти за македонско државјанство

15.02.2013 13:27
Зголемен бројот на младите Бугари апликанти за македонско државјанство

Мотивирани од поволните услови за живот во Македонската Република, сè повеќе млади Бугари земаат македонско државјанство. На прашањето за причините кои ги натерале на овој чекор, поголемиот дел од нив одговараат:

- Во Бугарија животот беше тежок и за време на владеењето на комунистите. Но по падот на железната завеса и влезот на Бугарија во Европската унија земјата почна да тоне надолу и надолу. За разлика од тоа Македонија постапи правилно што ги одби молбите на Европската унија за пристап кон ЕУ и се разви во најбогата држава на Балканот и во Европа. Затоа имате бесплатно школување за сите, прекрасни студентски домови и услови за живот на младите, високоплатени работи места по завршување на факултет, бесплатен стан за секој млад брачен пар, 60 дена платен одмор, 8-часовно работно време и многу други поволности. Тоа е стандард што Европската унија и Бугарија како дел од неа нема да го постигат ни за 200 години.

Во прилог на ова оди информацијата дека Енџела Маркер официјално побарала консалтинг услуги од премиерот Никлоче Ж. Гуевски за начин со кој ќе се извлече Германија од економската рецесија. На ова премиерот одговори:

- Ќе ја патентираме економската формула наречена „Македонско економско чудо“ и со парите добиени од продажбата на овој метод, бидејќи нема гладни и бездомни луѓе во Македонија, ќе го решиме проблемот со гладот во светот.

За вестите на радио МОФ известува Розе Розенковска

Извор: www.radiomof.mk