ЕУ vs. Гугл: борба за приватноста на податоците

19.02.2013 11:47
ЕУ vs. Гугл: борба за приватноста на податоците

Европската унија планира до летото да го натера Гугл да го промени својот однос кон приватноста на податоците на корисниците. Од друга стана, веб гигантот нема намера да се откаже од своите методи за поефикасно пласирање на рекламни содржини.

Како што пренесува BBC, од март Гугл планира да ги вкрсти податоците на своите корисници со повеќе негови сајтови и на тој начин подобро да ги „таргетира“ рекламите, што правниците од ЕУ го сметаат за голем ризик за приватноста на интернет.

Поради таквиот став, регулаторното тело на ЕУ минатиот октомври му даде на Гугл рок од четири месеци да ја промени својата политика, но наместо промена, стигна одговор дека сè е во согласност со законите на ЕУ.

„Гугл ги комбинираше своите шеесет одделни договори во еден документ за приватноста. Потоа сè уште не даде прецизни и ефикасни одговори“, соопшти француската независна Национална комисија за информатичка слобода CNIL.

Од CNIL додаваат дека поради тоа сите европски тела за заштита на податоците се цврсто решени да продолжат со истражување на овој случај и дека ќе биде формирана Работна група која ќе повлече конкретни потези пред летото.

„Ние ги почитуваме сите закони на ЕУ. Во потполност соработуваме со CNIL во овој процес и така ќе биде и во иднина“, соопштуваат од Гугл.

Како што е предложено, Гугл би требало да промени некои одредби, а првенствено да им дозволи на корисниците да избираат во кои случаи какви било податоци за нив ќе може да се вкрстуваат и да се користат за други цели.

Извор: B92

ОкоБоли главаВицФото