Синхронизација на архитектурата и природата

25.02.2013 12:04
Синхронизација на архитектурата и природата

Во соработка со лабораторијата Томонари Јаширо, Институтот за индустриски науки на Универзитетот во Токио, Kengo Kuma & Associates, на вториот по големина јапонски остров Хокаидо, познат по неговата екстремна клима, го дизајнираше објектот Memu Meadows - експериментална куќа за студени, остри зими, инспирирана од традиционалните градби на народот Аину.

Културата Аину на островот Хокаидо во голема мера се разикува од останатата јапонска култура, што е очигледно и во обликувањето на самите куќи. Додека, на пример, на главниот јапонски остров Хоншу куќите главно се подигнати од подот поради венцилација и спречување на влагата во конструкцијата, „куќата од земја“ е директно поврзана со тлото. Отвореното огниште во текот на зимата никогаш не се гаси, а облогата на куќата од трева или бамбус го спречува губењето на акумулираната топлина. Кума и Јашира ја задржуваат логиката на циркулација и задржување на топлината во куќата, но во својот дизајн вклучуваат и некои нови, напредни решенија: геотермално подно греење, систем на складирање на топлината и (делумно) транспарентна двослојна мембрана со која ги обложуваат надворешните ѕидови и покривот на куќата. Надворешниот слој на мембраната се состои од полиестер - флуорокарбон, внатрешниот слој е платно со стаклени влакна, а помеѓу нив има слој кој се состои од рециклирана ПЕТ амбалажа. Мембраната има одредени изолациски својства и делумно пропушта светлина, така што минималистички уредениот ентериер дење е збогатен со благо дифузно осветлување и геометриска игра на контурите на дрвената конструкција, додека навечер куќата станува таинствен илуминирачки објект.

 

„Без да се потпрете на системот за осветлување се будите со првите зраци на сонцето и одите да спиете штом падне мрак. Очекуваме куќата со вака дизајнирана мембрана да овозможи живот синхронизиран со ритамот на природата“, вели Кума, кој во своите проекти често се занимава токму со односот човек-природа.

Откако ќе биде целосно завршена, експерименталната куќа ќе послужи за понатамошни истражувања со кои ќе треба да се одреди како промените на некои фактори влијаат на промените на топлинските својства на конструкцијата. Повеќе за проектот може да прочитате овде.

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија
Јавни простори
Јавни простори
Активизам / Јавни простори

ОкоБоли главаВицФото