Тепачка прераснала во вербална расправија

26.02.2013 10:58
Тепачка прераснала во вербална расправија

Скопје, 26 февруари 2013

Тепачката која настанала доцна синоќа поради паркинг место на тротоарот на улица Илинденска, на големо разочарување на бројните очевидци, многу брзо прераснала во вербална расправија.

Како што се наведува во извештајот на полициската патрола која излегла на лице место, возачите за малку не се судриле додека се обидувале да ги паркираат своите возила на единственото слободно место, каде всушност паркирањето било забрането, а потоа излегле од автомобилите и почнале да се тепаат.

Полицијата соопшти дека основано се сомнева дека Н.С. и Д.Ц. физички се пресметале, а потоа и вербално се расправале поради користењето на паркинг местото. Притоа, еден на друг си задале по два удари со тупаница, а потоа без никаква причина одлучиле недоразбирањето да го решат со расправа. Во тек е истрагата која треба да утврди кој од нив двајцата го иницирал прекинот на тепачката, стои во соопштението.

„Сè се одигра брзо. Само се слушна чкрипење на кочници и возачите без зборови почнаа да се тепаат. Ние седуммина застанавме да ја гледаме тепачката, но после само неколку удари тие престанаа и почнаа да се расправаат. Со тек на време, расправијата стануваше сè поблага, па јас и соседот почнавме да ги раздвојуваме, бидејќи се исплашивме дека на крајот може да се смират“, изјави еден од очевидците.

Неговиот сосед додаде дека е страшно како луѓето денес благо реагираат за секоја ситница и забележа дека „има сè повеќе лудаци кои секој проблем би го решиле со договор“.

Адаптирано од: www.njuz.net