Дискусија и промоција на публикацијата „Медиумите, говорот на омраза и маргинализираните заедници: Водич за медиуми“

26.02.2013 12:37
Дискусија и промоција на публикацијата Медиумите, говорот на омраза и маргинализираните заедници: Водич за медиуми

27.02.2013 (среда), 12.00 -13.30 ч, клуб ГЕМ

Коалицијата СЕКСУАЛНИ И ЗДРАВСТВЕНИ ПРАВА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ има за чест да ве покани на дискусија по повод објавувањето на публикацијата „Медиумите, говорот на омраза и маргинализираните заедници: Водич за медиуми“.

Свое излагање на дискусијата ќе имаат авторите на публикацијата, Жарко Трајаноски, Тамара Чаусидис и Роберто Беличанец, како и двајца членови на Советот за радиодифузија, г-дин Лазо Петрушевски и г-ѓа Емилија Јаневска.

Публикацијата го адресира прашањето за почитувањето на новинарските стандарди при известувањето за различностите и за дискриминацијата, особено врз основа на родот, сексуалната ориентација, здравствениот статус или на припадноста кон некоја маргинализирана група.

Медиумите и медиумските професионалци имаат една од главните улоги во борбата против дискриминацијата и во охрабрувањето на интеркултурниот дијалог. Со препознавањето и со осудата на дискриминацијата, говорот на омраза, и на насилството кон маргинализираните групи, новинарите можат да помогнат во надминувањето на нееднаквоста и на повредите на основните права. Се надеваме дека со вашето присуство ќе ни се приклучите кон заедничкото поттикнување и промовирање на демократските и професионалните стандарди во македонското новинарство и медиуми.

Ве молиме за потврда на вашето присуство.

Со почит,

Славчо Димитров, Извршен директор

Коалиција ’Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници’
Партизански одреди 23-1/7, 1000 Скопје
www.coalition.org.mk

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото