80 години од палењето на Рајхстагот

27.02.2013 12:17
80 години од палењето на Рајхстагот

Точно пред 80 години, на 27 февруари 1933 година, беше запалена зградата на германскиот Рајхстаг - националниот парламент во Берлин. Бројните податоци укажуваат дека пожарот бил подметнат, а избувнал само 27 дена по изборот на Хитлер за канцелар и неколку дена пред парламентарните избори закажани за 5 март 1933 година.

Во тој период, нацистите ја воделе својата изборна кампања под паролата „Војна против макрскизмот“. Оттаму, пожарот во зградата на Рајхстагот послужил како оправдување за забрана на функционирањето на Комунистичката партија на Германија, прогонувањето на личности со сродни уверувања како што биле социјалдемократите и зацврстување на нацистичката власт.

Апсењето на поранешниот комунист Маринус ван дер Лубе (24) кој се доделил во Германија од Холандија, инаку се лекувал на психијатриски клиники, послужило како некој вид доказ.

Наводно, Лубе бил упасен на местото на пожарот. Во текот на истрагата и судењето што се одржало во Лајпциг, што било завршено веќе на почетокот на декември, тој ја негирал поврзаноста со комунистите. Бил погубен на 10 јануари 1934 година.

Децении подоцна бил рехабилитиран, бидејќи берлинскиот суд во 1967 година ја променил пресудата во затворска казна од 8 години, а во 1980 година ја укинал, но таа станала правосудна дури по донесувањето на законите од 1998 година.

Главниот обвинет на судскиот процес во Лајпциг бил истакнатиот бугарски комунист Георги Димитров, претставник на Коминтерната во Германија и централна Европа, којшто на судењето се истакнал со брилијантна одбрана. Димитров успеал да ја докаже својата невиност и да биде ослободен од затвор под притисок да јавноста, но потоа бил протеран.

Во текот на ноќта во којашто горел Рајхстагот, биле уапсени околу 1500 лица, меѓу коишто биле и сите пратеници на Комунистичката партија. Генералниот секретар на КПГ, Ернест Телман, бил одведен во логор во којшто останал до 18 август 1944 година, кога бил убиен.

Извесно е дека зад инсценацијата на палењето на зградата на Рајхстагот стоел Јозеф Гебелс, подоцнежниот министер за пропаганда во Хитлеровата влада, којшто, како што наведуваат доказите, ја осмислил и „Кристалната ноќ“ во 1938 година. Меѓу останатото, несоменео е дека мета на нацистите била зградата на Рајхстагот како централен симбол на демократијата и парламентаризмот, односно на омразената Вајмарска република.

На изборите одржани на 5 март 1933 година, нацистите ја добиле поддршката на 44% од гласачите, односно тоа е 11% повеќе од освоените гласови на претходните избори, додека комунистите претрпеле пораз.

Само половина месец потоа, веќе на 20 март 1933 година, бил основан концентрациониот логор Дахау, наменет за политичките (и други) неистомисленици. Од тој момент, стравот завладеал со Германија и Европа.

Од Германија забрзано си заминувале бројни истакнати интелектуалци: Алберт Ајнштајн, Бертолд Брехт, Ерих Марија Рилке, Томас и Хајнрих Ман.

Репрезентативната зграда на Рајхстагот се градела од 1884 до 1894 година, како еден од симболите на соединувањето на Германија. Во таа зграда што со децении била напуштена, во 1990 година се одржа церемонија по повод повторното соединување на Германија.

Денес, пред неа се наоѓа споменик, со имињата на членовите на парламентот што настрадале од страна на Хитлеровите следбеници.

Извор: e-novine.com

ОкоБоли главаВицФото