Чомовски без бркови

27.02.2013 22:33

Знаеш што, Зоки, тие награди ти и треба да ги вратиш. Или да си ги начукаш у гз. Како тие награди воопшто завршиле кај тебе? Па ти си првиот новинар кој ја премина линијата на новинарството и политиката и во 1997-ма и 1998-ма беше портпарол на владата на СДСМ, онаа влада во оној период кога сите велат дека таа влада била најзабегана. Потоа беше во кабинетот на Црвенковски во најзлатните времиња на Бранко и СДСМ. За да сега кога загусти кога живееме во диктатура, ти да ми глумиш неутралец и објективен новинар. Ти ли бе друже?! Каде беше ти да се качиш на ладата на протестите? Па тоа што тебе те избркаа а ти глумеше доста успешно неутралец, дури и мислам дека си неутралец само покажува колку си ти негледан и тв неатрактивен. Ти практично си Чомовски без бркови и нешто послаб.

Саше Ивановски го критикува новинарот Зоран Иванов; „Мактел.мк“, 27.02.13.