Associated Press повторно диктира „правилна терминологија“

01.03.2013 11:36
Associated Press повторно диктира „правилна терминологија“

Набрзо откако низ светот се рашири веста дека Associated Press во своето ново издание на прирачникот за вработени диктира укинување на зборот „хомофобија“, медиумскиот гигант повторно се најде во средиштето на скандал за известувањето. Сè започна неодамна, кога во јавноста се откри интерен допис на АР, во којшто е сугерирано дека во текстовите за геј мажите и лезбејките што се во брак, истите треба да се именуваат со „маж“ и „жена“ исклучиво доколку тој термин се употребува за истополовиот пар за којшто се пишува – а и тогаш мора да се употребуваат наводници. До сега, при описот на истополовите парови во граѓанска заедница или во брак, АР го употребуваше изразот „партнери“.

Очекувано, одлуката на АР предизвика гнев, особено имајќи предвид дека бројот на земји што овозможуваат правно уредени истополови заедници, од година в година, е сè поголем! Како што наведуваат порталите, овој допис е надградена верзија на претходната одлука според којашто изразите „маж“ и „жена“ воопшто не смеат да се користат во контекст на истополовите бракови – дури и ако парот за којшто се пишува е во правно уреден брак. Меѓутоа, реагираше National Lesbian and Gay Journalism Association, по што одредниците во оваа своевидна новинарска библија беа променети, а според новите одредби, „маж/жена“ е прифатлив израз во сите референци на правно признаен брак, додека по барање може да се употреби и „сопруг/а“ или „партнер/ка“.

Reuters не ја крие поддршката

Во исто време, но целосно поинаку, реагираше агенцијата Reuters, што јавно ја поздрави дебатата за истополовите бракови во парламентот на Велика Британија. Имено, на 5. февруари со значително мнозинство гласови, законот беше испратен во втората фаза на своето легислативно патување, а се очекува да стапи на сила претстојните месеци.

„Бројни светски компании – од коишто многу се наши глобални клиенти – заземаат јасен став кога се работи за поддршка на брачната еднаквост. Задоволни сме што може да им се придружиме. Поддршката за оваа легислатива е во склад со нашата политка на поттикнување разноликост и инклузивност“, стои во соопштението на официјалниот блог на агенцијата, што не го крие задоволството што оваа изјава ќе ги зајакне реалциите со ЛГБТ заедницата.

Во истото соопштение, Reuters го истакна и ангажманот против иницијативата DOMA во САД.

Извор: queer.hr

ОкоБоли главаВицФото