НАСА пронајде нов појас радијација околу Земјата

01.03.2013 15:07
НАСА пронајде нов појас радијација околу Земјата

До запрепастувачко откритие дошол новиот пар сателити на НАСА - сондите на Ван Ален: само неколку дена по лансирањето, пронајден е нов, претходно сосема непознат појас радијација околу Земјата.

Откритието било сосема случајно. Иако релативистичкиот електрон-протон телескоп (REPT), уредот кој го открил зрачењето, воопшто не требало да биде вклучен толку рано во мисијата, планетарниот научник Даниел Бејкер ги замолил шефовите на мисијата во НАСА тој да биде вклучен порано од планираното, за да можат да ги споредат податоците со друга мисија која била во тек.

Речиси во истиот момент биле откриени неочекуван број честички со висока енергија, а во следните неколку дена, тие честички се појавиле во конфигурација која не е видена никогаш порано, обликувајќи го третиот Ван Аленов појас на зрачење, со исклучително висока енергија.

Научиците претходно веруваа дека добро ги познаваат двата Ван Аленови појаси околу Земјата, кои обликуваат магнетно поле, во кое се наоѓаат заробени високоенергетски честички од Сончевиот ветер. Тие знаеја дека бројот на честички во појасите расте и опаѓа, и дека појасите се шират и смалуваат, но за прв пат во историјата е пронајден и трет појас.

Појасот се држел во стабилна конфигурација четири недели, а потоа го погодил бран Сончев ветер, кој целосно го распрснал. Научниците претпоставуваат дека третиот појас настанал како последица на масивна сончева ерупција на 31 август минатата година.

Извор: scienceblog.com

ОкоБоли главаВицФото