Премногу порнографија = премалку секс или Дали порнографијата ги излудува мажите?

04.03.2013 10:19
Премногу порнографија = премалку секс или Дали порнографијата ги излудува мажите?

Додека некои феминистки упаѓаат во трговските центри и ги уништуваат порнографските списанија, феминистките од спротивставените групи ги слават порно-глумиците како отелотворување на еманципацијата и женската моќ.

Но во седумдесеттите години кога беше актуелна оваа расправа, никој не можеше да предвиди дека за неколку децении порнографските содржини во сите свои различни облици ќе бидат присутни насекаде и лесно достапни. Ова секако, го овозможи Интернетот. Веќе не мора да црвенеете во киосците додека се обидувате да го сокриете новиот број на Еротика помеѓу дневните весници и списанијата за автомобили, или да смислувате невешти оправдувања во видеотеката додека го изнајмувате Анална терапија 3 („Еден пријател ми го нарача ...“).

Всушност, не морате воопшто ни да ја напуштите вашата сопствена соба – вечно попалените девици и неверојатно потентните мажи ви се смешкаат од екранот на вашиот компјутер. И добро е што е така – нема во тоа ништо лошо. Никој не умрел од повремено гледање по некој порно филм... Нели? Дали порнографијата навистина нè ослободува или нејзиното влијание е многу поштетно од она што го претпоставуваме на прв поглед?

Андреа Дворкин уште во своите Писма од воените подрачја (2002) жестоко ѝ се нафрли на порнографијата, нарекувајќи ја „нов тероризам“ и „сексуален фашизам“. Поради преголемата изложеност на женските тела на разголените фотографии и во експлицитните филмови, мажите почнуваат да ги перцепираат жените исклучиво како сексуални објекти, смета Дворкин. Понатаму, основната претпоставка според која се раководи порнографската индустрија е онаа дека жените вусшност „сакаат некој да ги силува, повредува и грубо да ги искористува“ (едноставно кажано, жените велат „не“, но всушност мислат „да“). Со тек на време, консументите на овој вид содржина ги интернализираат овие пораки и самите тие стануваат силувачи и ги злоставуваат жените. Но не се работи само за тоа дека порнографијата го поттикнува вршењето насилство врз жените – Дворкин тврди дека „порнографијата е вршење насилство врз жените“.

Наоми Волф, една од водечките фигури на третиот бран на феминизам и авторка на денес веќе култната студија Митот за Убавината. На кој начин прикажувањето на убавината се користи против жените (2008) му пристапува на проблемот со порнографијата од еден поинаков аспект. „Не само што порно филмовите не ги поттикнуваат мажите на насилство“, пишува Волф во една своја неодамнешна статија, како и во Митот за порнографијата, објавен малку порано, „туку, парадоксално, ги одбиваат од сексот“.

Поедноставно кажано, поминувајќи премногу време во царството на илузиите, постепено губиме чувство за реалноста. Во споредба со нереалните, „надарени“ убавици со големи гради кои секогаш „се спремни за акција“ и кои се насмевнуваат од страниците на Playboy, „вистинските“ жени се далеку помалку интересни и привлечни. Па така, консументот на порнографските содржини нема да ѝ се нафрли на првата жена која ќе сретне, туку, напротив, веројатно едвај ќе ја забележи и незаинтересирано ќе помине покрај неа.

„Низ историјата, еротските слики функционирале како одраз, глорификација или замена за реалните голи жени. За прв пат во историјата на човечкиот род, моќта и привлечноста на сликата ја заменуваат реалната жена. Денес, вистинската гола жена има статус на лош порно филм“ - тврди Волф.

Покрај тоа, поедноставениот пристап и сè поголемата толерантност на приказите на голите тела многу ја променија нашата перцепција на сексот и ги зголемија нашите очекувања. Насекаде околу нас гледаме разголени тела - од билбордите до весниците - па голотијата сама по себе веќе и не нè возбудува. Од партнерите (ајде да не се лажеме – од партнерките) се очекува да бидат посебно креативни, и секако, подготвени на сè.

Еве што вели за ова Мајкл Фоли во својата Доба на апсурдноста.

„Порано сите беа толку маѓепсани, восхитени, воодушевени. Но денес сексот е само еден од облиците на необврзна забава (...) Луѓето денес се заситени од сè. Испробавме и тестирамве премногу нешта, поттикнати од советот дека постојано мораме да го истакнуваме значењето на новините, повторувајќи дека тајната на успешната врска се состои во тоа сексот секогаш да биде исполнет со разновидни и нови нешта. Како што се случи и со нејзините политички претходници, сексуалната револуција се претвори во своевидна тиранија. Денес сексот наликува на бродвејски мјузикал – бара оригинално сценарио, костими, реквизити, сцена, посебно осветлување, и се разбира, здрави, енергични и ентузијастички расположени групи од спортисти и акробати кои знаат да пејат и да танцуваат. Денес сите мораат да бидат циркусанти во креветот... па и насекаде во куќата“.

За да не испадне дека проблемот се сведува само на „разочарување од материјалот“, еве што кажува Волф и за медицинските аспекти на целата работа.

Многу истражувања говорат за сè поголемиот број сексуални дисфункции меѓу мажите. Како и зошто? Експертите велат дека е многу едноставно – (пре)големото количество порнографија парадоксално доведува до сексуална нечувствителност. За да се возбудат на мажите им е потребен „пожесток“ материјал во многу поголеми количини.

Влијанието на порнографијата на мозокот, вели Волф, е исто како и она кое се јавува при која било друга зависност, како на пример, при консумирањето дрога или коцкањето.

А и последиците се исти – откако ќе се „навлечете“, потребен ви е сè посилен и посилен „фикс“. „Обичните“ прикази на голотијата или на сексуалните чинови веќе не се интересни, па потрошувачите бараат поекстремни облици на порнографија. Се чини дека нештата се прилично сериозни. Се разбира дека во строго католичките и високо моралните држави ширум светот за овие нешта не треба да се зборува. Самото спомнување на зборот „порнографија“ во помалите конзервативни средини сè уште предизвикува црвенило и засрамено кикотење, па и (носталгично?) потсетување на одамна пропаднатите видеотеки каде сте ги изнајмувале последните достигнувања од скандинавската кинематографија (шифра: „дански акциони“ и „шведски научно-фантастични“).

Извор: voxfeminae.net 

ОкоБоли главаВицФото