Повеќе од 40.000 логори и гета за време на Хитлеровиот режим!

05.03.2013 10:42
Повеќе од 40.000 логори и гета за време на Хитлеровиот режим

Бројот на гета, работни логори, концентрациони логори и фабрики на смртта за време на Хитлеровиот режим од 1933 до 1945 година во Европа бил значително поголем отколку што до сега се сметаше. Според резултатот од најновото истражување на Американскиот меморијален музеј на Холокаустот, пренесено во Њујорк Тајмс, нивниот број изнесува 42.500.

Резултатот од истражувањето запрепасти многу историчари и експерти за Холокаустот врз Евреите во Втората светска војна.

„И претходно знаевме дека животот во логорите и гетата бил грозен, но овие бројки се неверојатни“, изјави директорот на Германскиот институт за историја, Хартмут Бергхоф.

Документираните локации вклучуваат не само „центри за ликвидација“ туку и илјадници работни логори каде што затворениците произведуваат воена опрема, логори за воени заробеници, центри за „помош“ каде што биле заробени бремените жени кои биле принудени да абортираат или бебињата им биле убивани веднаш по раѓањето, како и бордели во кои жени и девојчиња биле принудувани на сексуални односи со германски војници.

Аушвиц, заедно со уште неколку концентрациони логори, во колективната свест стана симбол на нацистичкиот систем за убивање, како што и Варшавското гето познато по бунтот од 1943 година, стана симбол за големото „ропство на отворено“ за еврејските семејства во нивниот роден град, но тие места претставуваат само еден мал дел од целата мрежа од логори и геа.

Предводниците на проектот, Џефри Мегарги и Мартин Дин, проценуваат дека во логорите и гетата умреле или биле заробени помеѓу 15 и 20 милиони луѓе. Нивното истражување го документирале во енциклопедија од седум томови, а Музејот на Холокаустот ги објави првите два тома. До 2025 година се очекува да бидат објавени уште пет томови.

Извор: www.nytimes.com
Фотографија: Eugenia Hochberg Lanceter

ОкоБоли главаВицФото