400 активистки постари од 60 години во Tate Modern

05.03.2013 11:04
400 активистки постари од 60 години во Tate Modern

Во лондоската галерија Tate Modern, американската уметница Сузан Лејси повика 400 активистки постари од 60 години, со цел да го преиспита ставот на општеството кон постарите жени и да го прослави нивниот придонес кон некои од најзначајните политички движења на минатиот век.

Овој уметнички перформанс, наречен Сребрена акција (Silver action), се однесува на стареењето и активизмот и се стреми да ги деконструира предрасудите за постарите жени.

„Моментално се води јавна расправа за тоа што да се прави со населението во одминати години. Имајќи предвид дека жените живеат подолго, тоа ќе влијае на нив во поголема мера во однос на мажите. Затоа, се обидувам да го пренасочам дискурсот од изолацијата и слабоста кон согледувањето дека постарите жени располагаат со неверојатни можности и се особено активни“, изјави Лејси. 

Во перформансот, жените во групи по четири, седат на маси за играње карти и разговараат за тоа што ги поттикнало на политички актизам и зошто се упорни во тоа.

Публиката слободно се шета меѓу масите и ги слуша, или пак чита транскрипти од разговорите, достапни на блогови, Твритер и закачени на ѕидовите на галеријата. Во вториот дел, наречен кујнска маса, осум британски најистакнати претставнички на феинизмот, од ирската активистка за право на абортус Ен Роситер, па до Џилиан Хана, актерка и коосновач на феминистичката театарска група The Monstrous Regiment, ги изнеусваа своите мисли за женскиот активизам, неговата традиција и неговата иднина.

На прашањето дали верува дека еден уметнички акт, како Сребрената акција, може да остави значајни траги врз положбата на постарите жени во општеството, Лејси одговори „Сметам дека ниеден уметнички чин не може да го менува општеството, но може да создаде културна средина во којашто нештата ќе се сфаќаат поинаку. Тоа е тоа што сакаме да го постигнеме“.

Извор: guardian.co.uk

ОкоБоли главаВицФото