Порно глумица носи очила бидејќи има слаб вид

05.03.2013 11:32
Порно глумица носи очила бидејќи има слаб вид

Лос Анџелес, 5 март 2013

Американската порно глумица Лора Лексингтон, позната под уметничкото име Lorass, деновиве е мета на жестоки критики од страна на љубителите на порно филмови ширум светот, бидејќи иако во филмовите носи очила, не е облечена како професорка или докторка.

Лора тврди дека уште од својата рана младост е кусогледа и дека без очила не би можела да ги распознае ликовите на колегите и колешките со кои снима, што е од големо значење за квалитетот на глумата.

„Често се случува за време на снимањето колегата да ми каже само така професорке!, на што јас му одговарам дека не сме на училиште. За жал, многу пати поради тоа го прекинувавме снимањето и режисерот често ми се лутеше. Никој не сфаќа дека очилата се составен дел од мојот живот, а не костимографија“, се жали Лора.

Љубителите на порно филмови бараа од издавачката куќа Dicky Tricks, за која Лора снима, „да ја облече како што доликува или да ја препушти улогата на некоја поодговорна глумица“.

„Ако глумицата носи очила, а не е докторка која детално го прегедува пациентот или професорка која со кожен камшик ја казнува лошата ученичка, тогаш е подобро да и’ дадат леќи, па нека снима некаква просечна сцена. Зошто воопшто служат очилата во порното?“, вели филмофилот Џон Ререми од Далас.

Извор: www.njuz.net