Каков групњак!

06.03.2013 12:00
Каков групњак

Каков групњак или: Сарајлија, дал је ово могуќе?

1.
Знам дека никој нема да реагира на оваа работа. Знам дека и никому не му е грижа за тоа. Сите ќе речат: па добро, што е тоа толку битно, што с
è не видовме годиниве…

Ма ајде, немој ми реќи, што би рекле во бивша ЈУ! Како тоа само за некои шутраци – оние неколкумина режимски подлизурковски и (веќе усмрдени) упикувачи – сè е дозволено, а за најголемиот број сериозни луѓе во оваа држава, особено културните работници, тоа е невозможно?

2.
Да, знам дека многумина ќе се чудат што е работата, ама работата е следна: пред само неколку дена, ни мање ни више, туку во Музејот на современата уметност, се отвори ретроспективна изложба на нашиот непрежален Ацика, илити А. „Р.“ – Сарајлија. Сосе монографија. Со автор, кој друг ако не – Владимир Величковски! И Ацика himself!

Па добро бре Сарајлија, знаеш ли како му се потсмеваше на тој „стручњак“ В.В.? Се сеќаваш ли што сè говореше за него? И како пак тој ти го „оценуваше“ сликарството визави сопствените мачканици?

А сега – целото „творештво“ ти зависи од неговиот „квалификуван“ збор?

Згора на тоа: монографијата напишана од В.В. ја промовираше, ни мање ни више, туку Конча Пиркоска!? Па добро бре Величковски, паметиш ли што си говорел за таа персона? И како сè си ја нарекувал? И сега таа ти промовира монографија?

Ваков перверзен „стручен“ групњак одамна не сме виделе на овие простори. И сето тоа во Музејот на современата уметност, каде со децении оние двајца шутраци немаа пристап.

Згора на сè, „стручњакот“ Конча Пиркоска, во делириумот што е дел од едно такво шоу, вели дека монографијата на нашиов Сарајлија е „најдобар потфат на македонската издавачка дејност од областа на ликовните уметности“?! А само пред една година таа иста Пиркоска имаше чест да ја работи монографијата на веројатно најзначајниот македонски ликовен уметник на 20-от век Петар Хаџи Бошков. Ама овој Ацо бил – позначаен?! Каква бљувотина!

Ама, пара и политика врти…

3.
И, кога сме веќе кај парите, како тоа само кај нас се случува сите простосмртни во македонската култура да мораат да конкурираат за проекти во Министерството за култура, освен некои – особени миленици на Министерството и на власта? И меѓу тие малкумина, токму А. „Р.“ – Сарајлија, како посебно галениче, милениче, pet …?! Со што ли ова шутраче толку ја задолжи државава па може, онака преку ред, да дрпа пари и да прави изложби каде и кога ќе му текне?

Зашто, имено, ниту таа негова ретроспективна изложба, ниту пак фамозната монографија (која што наводно била започната уште во 2011) ги нема во Годишната програма на Министерството за култура. Монографијата пак, ја нема ниту три години наназад во програмата за Издавачка дејност!

Оттука, има само две можни варијанти. Едната е дека нашиов стрип-јунак што се нарекува Ацо „Рембрант“ илити Сарајлија сам си ги финансирал монографијата и изложбата! Што, ќе дозволите, е вон умот зашто он го користи момнетов да заработи, а не да троши свои пари!

Заради тоа, сосема оправдан е сомнежот дека сето ова е финансирано од наши пари, што пак ги наметнува следните суштински прашања:

-Дали изложбата воопшто го поминала комисискиот филтер во Министерството, за 2013 година? Ако пак било така, зошто ја нема во Програмата за 2013 година? И дали А. „Р.“ – Сарајлија, кој беше член на Комисијата за ликовна дејност, самиот одлучуваше за својата изложба?
-Дали монографијата го поминала комисискиот филтер, и кога? И зошто ја нема во Програмата?
-До оглед на претходните два факти, дали за некои луѓе од типот на Сарајлија, не важат никакви правила и критериуми и тие добиваат сè што сакаат и кога сакаат, без претходни процедури кои што важат за другите?

Ќе одговори ли некој: кој, кога, каде и зошто, без претходни законски процедури, ги одобри парите за оваа изложба и монографија?

4.
Но, проблемите со овој „наш“ уметник-мегафон, за жал, не завршуваат тука. Никој како да не го зема предвид фактот дека „стручњаков“ е и член на Советот на министерството за култура. Што ќе рече дека во времетраење на неговиот мандат не смее да користи средства од тоа исто Министерство за сопствени проекти! Зашто тоа претставува судир на интереси, неморално е, неетички … итн. А всушност, античкиов морализатор дрпа ли дрпа, а згора и сам си ги одобрува проектите! А, вели, комуњарите биле такви и такви!

И нема ли тука работа за Антикорупциска комисија, за народен правобранител, за Јавно обвинителство …?

5.
Ако пак некој посака на ова да гледа како на барање влакно во јајце – ОК. Но тоа се вика слеп при очи. А истото тоа Министерство одби проект на Националната галерија во кој беше вклучен и Решат Ахмети, со образложение дека човекот бил член на Управен одбор во таа институција и тоа претставувало конфликт на интереси! А кај Ацика тоа – го нема!?

Но, за барателите на такви влакна, еве список што сè овој типус искористи од Министерството за култура за време на мандатот како член на нивниот Совет:

-Самостојна изложба „Разгледници од транзицијата“, КИЦ Њујорк , 2008
-Самостојна изложба „Забава“; Ретроспективна изложба на ЗЕРО, 2009
-Самостојна изложба („Мала станица“); Изложба на група ЗЕРО (КИЦ Њујорк); изложба на група ЗЕРО (Биенале во Венеција), сите во 2011
-Ретроспективна изложба и монографија, 2013.

Значи, секоја година по една изложба, некогаш три во една година (машала!), итн. И тоа, повторно, не е конфликт на интереси за Министерството?! Па дајте тогаш нека му купат и еден стан, или нека му уплатат и одмор на Малдиви, или Малпитоми, зашто човечево премале од активности.

Извор: teodosievski.blog.mk

ОкоБоли главаВицФото