Патека

07.03.2013 09:19
Патека

Се ближеа изборите за градоначалник. Ги изметеа улиците, ги исчистија улиците од наталоженото ѓубре, поткастрија неколку стари дрвја. На местото на старата бетонска изабена патека пред нашата зграда изградија нова, од посовремен материјал. Уште истиот ден станарите, откако се дотераа и облекоа нови чевли, прошетаа по неа, среќавајќи се со соседите, ракувајќи се и жалејќи си се еден на друг за тоа како деновиве живеачката станала поскапа. Навечер, дотерани девојчиња кружеа по неа со надеж дека некое од насобраните момчиња ќе ги забележи и ќе им пристапи. Во утрата, млади мајки гордо ги шетаа своите новороденчиња во колички по патеката. Дојдоа и од телевизија, и ја снимаа за некој нивен прилог. Беше тоа голем настан за нашата населба.

Фотографија: Gene Mark

Расказот е преземен од книгата „Обични и необични приказни“ во издание на Темплум. Книгата може да се купи во скопските книжарници.

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото