Меѓународен ден на жената

08.03.2013 10:15
Меѓународен ден на жената

Во знак на сеќавање на 8 март 1857 година, кога работничките од текстилната индустрија излегле на улиците поради лошите услови за работа и ниските плати, денес се одбележува Меѓународниот ден на жената.

Идејата за одбележување на овој ден се појавила на почетокот на XX век. Но, настанот кој го најавил пресвртот се случил на 8 март 1857 година во Њујорк, со споменатите протести на работничките од текстилната индустрија.

Протестите продолжиле и во следните години, а најголемиот се случил во 1908 година, кога 15.000 жени излегле на њујоршките улици, барајќи пократко работно време, повисоки плати и право на глас. И во XX век, нерамноправноста меѓу половите сè уште постои. И тоа на сите нивоа, особено во областа на трудот и вработувањето.

Во западниот свет, Меѓународниот ден на жената главно престанал да се одбележува во триесеттите години на минатиот век, делумно и поради тоа што луѓето го поврзувале со комунизмот. Во тие земји, Денот на мајката како празник се одбележува секоја втора недела во мај.

Денот на жената сè уште е државен празник во Русија, Белорусија, Украина, Казахстан, Киргистан, Молдавија и Таџикистан. Во шеесеттите години на XX век повторно почнуваат да го слават феминистките, а во 1975, која е прогласена за Меѓународна година на жената, Обединетите нации почнуваат и официјално да го одбележуваат Меѓународниот ден на жената.

Подолу може да погледнете интересно видео за жените во историјата како работна сила.

Извор: www.tportal.hr

ОкоБоли главаВицФото