1011 hPa
88 %
14 °C
Скопје - Нед, 06.10.2024 02:04
Скопје, 8 март 2013
Портпаролот на здружението за заштита на правата на силеџиите и вандалите „Глупаци без граници“, Арнолд Рамбовски, на прес конференција соопшти дека по повод 8 март, Меѓународниот ден на жената, нивните членови нема да тепаат жени и девојчиња.
„Кршејќи им ги главите само на малолетни момчиња и на старци по случаен избор, сакаме да покажеме дека нашите заложби за подобрување на состојбата во државата се искрени“, изјави Рамбовски за Пара вести, додавајќи дека веќе на следните протести оваа привилегија за жените ќе престане да важи.
„Што ако попила солзавец у бус? Не беше никаков женски празник“, рече Арнолд Рамбовски коментирајќи го инцидентот кога 16-годишно девојче беше повредено од солзавец фрлен во градски автобус.
Тој додаде и дека дејстувањето на „Глупаци без граници“ нема да се ограничи само на протестите, туку има тенденција да прерасне во начин на живот, а кршењето и тепањето треба да продолжи во училиштата, автобусите и на улиците.
Акциите на „Глупаци без граници“ наидоа на осуда и од водечките свештеници од двете најголеми верски заедници во Македонија.
„Не се тепајте, црепои. Доете у храм, ќе се дружиме“, рекоа Насилие Билдерски и Калаш ал Барут во заедничкото соопштение.
Според твит на @Srle1