Оргазам

10.03.2013 10:45
Оргазам

Оргазмот е интимно телесно искуство бидејќи, предизвикано од онанија или од контакт со друго лице, го ослободува субјектот од секоја општествена контрола и директно го изложува на доживувањето задоволство. Заснован врз замислената слика на друго лице, оргазмот настанува, што се докажува и со искуството со вибраторот, како последица на повторување и сензорно интензивирање на доживеаната емоција. Биокултурните, оргазмички техники се поврзани со еротската конструкција на телото, со пречекорувањето на нормите и кодификацијата на гестовите. Според Реш, наспроти сексуалниот морал, оргазмот ја ослободува енергијата од неврозите предизвикани од принудата.

Оргазмот, чијшто интензитет го менува телесното доживување, е несвесна состојба: различните родови има различно доживување на оргазмот во зависност од ситуацијата, интензитетот и различниот начин за негово постигнување. Ослободувајќи го од телесната напнатост, оргазмот, што се бара во онанијата или алтеритетот, истовремено го соочува субјектот со интимното сензорно искуство и покрај екстернализираната ејакулација. Придружувано од слики и фантазии, настанувањето на оргазмот е субјективно и лично и притоа само говорот на телото може да го опише.
 
Беше потребно да се чека на сексотерапијата, што ја измислија гинекологот Вилијам Хауел Мастерс (1915-2001) и психологот Вирџинија Ешелман Џонсон (1925) за оргазмот во целост да биде признаен по пионерските истражувања на Алфред Кинси (1896-1956) кој ги објави студиите Сексуалното однесување на мажите (Sexual behavior in the human male, 1948), а потоа и Сексуалното однесување на жените (Sexual behavior in the human female, 1954). Тие книги ја проучуваат човечката сексуалност, а почнувајќи од 1957 година и во својата книга Човечката сексуална реакција (Human sexual response) од 1966 година, Кинси анализира 700 одговори на жени и мажи за нивните навики при мастурбација и сексуални односи.
 
Повторното откривање на клиторисот од страна на француската медицина меѓу 1570 и 1620 година придонесе за телесното третирање на љубовта и постепеното напуштање на спиритуалното лечење, така што лекарот беше заменет со свештеник, а болеста со грев. Иако уште во стара Грција клиторисот бил познат како анатомски орган на женското сексуално задоволство, до тоа сознание, изгубено во терминолошките тешкотии на преводот во средниот век, со посматрање повторно дошол Амброаз Паре во 1573 година во својот научен труд за хермафродитите, Накази и чуда (Des monsters et des prodiges).
 
И женскиот оргазам најпрво бил опишан во контекст на човечката физиологија. Вагината и клиторисот се како соодветните надворешни и внатрешни делови на пенисот. Ерогениот карактер на клиторисот го поставува проблемот на изворот на конвулзивно задоволство при што несомнено не доаѓа ни до какво било друго излачување освен тоа од јајниците. Парадигмата на репродукцијата и менструалниот циклус кон крајот на 19. век и понатаму има предност над парадигмата на нервниот систем. Матката на хистеричната жена зазема централно место не само поради секрецијата и промената во текот на менструалниот циклус, туку и како причина за женската нервна напнатост.
 
Во своето дело Технологија на оргазмот. „Хистеријата“, вибраторот и женското сексуално задоволство, Рејчел П. Мејнс опишува како механичката вибрација на клиторисот или вулвата личи на медицинскиот модел на удирање што се користи во хидротерапијата. Францускиот лекар Анри Скутетан (1799-1881), во 1843 година ги истакнува предностите од туширањето на женскиот стомак со студена вода. Тоа хидраулично удирање ќе добие облик на машина, според моделот на гимнастичка справа што во 1857 година ја измисли шведскиот лекар Густав Зандер (1835-1897). Тој ја разви идејата за гимнастичка справа што со механички движења и прецизно дозирање може да обликува специфични групи мускули. Научникот Џон Мјур (1838-1914), во 1889 година, измисли медицински вибратор за мажи. Но, уште од 1860 година лекарите користат вибратор како помошно средство при лекувањето на она што некогаш била нервна состојба кај жените позната под името хистерија.
 
Во текот на 1930-тите години вибраторите како да исчезнаа од продавниците, но не и од домовите, за повторно да се појават во текот на 1960-тите како сексуални играчки. Порнографскиот модел на оргазам гради бројни стереотипи според кои сексуалната пенетрација треба да биде основа на оргазмот, а машката ејакулација – норма. Меѓутоа, со сè поголемата распространетост и бројност на сексуалните играчки (sex toys), аматерските интернет страници и специјализираните продавници за долна облека, се нудат многубројни и разновидни оргазмични положби и позиции.
 
Прибегнувањето кон алтернативни телесни техники, како што се масажа, релаксација или/и нега, го дегенитализираат оргазмот отворајќи простор за доживувањето на сетилното откритие: од галење до оргазам, еротолошките прирачници опишуваат и многу други патишта.
 
Извор: Le ditionnaire du corps

Слични содржини

Теорија
Теорија
Теорија
Живот / Теорија
Живот / Култура / Теорија
Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја
Општество / Активизам / Теорија

ОкоБоли главаВицФото