Како канабисот стигна на црните листи на забранети супстанци

12.03.2013 12:35
Како канабисот стигна на црните листи на забранети супстанци

Канабисот (Cannabis: sativa; indica; ruderalis) е едно од најупотребуваните растенија во светот, што се користи за создавање гориво, хартија, облека, храна и како природен лек. Па, зошто тогаш САД и останатите земји го криминализираат производството на оваа вредна роба?

Причината зошто канабисот е противзаконски е неправедна.

Во 1901 година, Ендрју Мелон и неговиот брат Ричард ја основаа нафтената компанија во Тексас наречена Gulf Oil. Нивната намера беше да бараат нафта во Кувајт, но во тоа време Кувајт беше под британска контрола. Тогаш Gulf Oil се обрати на американската влада и тука започнаа проблемите.

Што се случуваше со екстрактот од канабис sativа и indicа во почетокот на 20. век?

Имено, Ендрју Мелон се одрече од својата позиција министер за финансии на САД (1921-1932) за да стане американски амбасадор во Англија (1932-1933). Се разбира дека со својата позиција во Англија, би имал можност да ја воведе темата за уделот на Gulf Oil во Кувајт. Само две години подоцна, во 1934, British Petroleum и Gulf Oil се спогодија (пола-пола) и во 1938 година потече нафтата.

Влошување на тајните планови.

Во 1930, додека Ендрју Мелон беше министер за финансии, го именуваше Хенри Анслингер за раководител на Федералниот завод за опојни дроги. Многу политички експерти ја сметаат кампањата на Анслингер против марихуаната како тајна агедна со цел да го отстрани канабисот од индустриската конкуренција.

Канабисот во комбинација со алкохол е производ на 30-тите години на 20. век.

Во 20-тите и 30-тите години на минатиот век, петрохемиската компанија Du Pont, инаку финансирана во изобилство од страна на Ендрју Мелон, оствари сличен напредок со нафтата, наместо со канабисот. Du Pont стана лидер во развојот на синтетичка ткаeнина, бои, синтетички гуми, платиска и други (токсични) хемикалии. Јасно, Ендрју Мелон имаше очигледен интерес во уништувањето на индустријата со канабис.

Како и зошто ова растение, што помага во лечењето на многу болести, се вброи во црната листа?

Патем, Ендрју Мелон стана еден од најбогатите луѓе во САД. Всушност, додека работеше како секретар на министерството за финансии, неговото богатство достигнуваше до 300-400 милиони долари до 1929-30 година. Ендрју Мелон, Џон Рокфелер, Хенри Форд и многу други индустријалци (во почетокот на 20. век) со сите сили се бореа да го спречат развојот на индустријата со канабис.

Време е за повторно откривање на моќта на канабисот за лекување на светот.

Извор: Natural News, geek.hr 

Слични содржини

Свет / Теорија / Историја
Свет / Теорија / Историја
Свет / Теорија / Историја
Свет / Историја
Свет / Историја
Свет / Историја

ОкоБоли главаВицФото