Удобните боросани - симбол на едно време

14.03.2013 12:28
Удробните боросани - симбол на едно време

Боросаните првобитно биле работнички обувки, што дожевеаjа моден редизајн. Некогаш главни купувачи беа медицинските сестри, келнерките, чистачките, бидејќи првенствено служеа како медицински и ортопедски обувки, а и денес ги носат југо-носталгичарките.

Ги произведуваше Југословенскиот комбинат за гуми и обувски Борово. Изборот на бои беше прилично едноличен - бела и сина.

Денес, наместо на работното место, боросаните својата примена ја наоѓаат на модните ревии и на улиците како обувки со завидна традиција и нов дизајн, но имаат и силна идеолошка изјава. Кој би рекол дека некогашните женски работнички обувки што беа лансирани на социјалистичкиот пазар како медицински и ортопедски обувки, женските работнички обувки што се продавале со рекламниот слоган „Rad je odmor cijeloga dana u obući borosana“, ќе станат моден хит на 21. век.

Денес, удобните боросани можеме да ги најдеме речиси во сите бои и дизајни, од хипиевски со луди шари до еднобојни бели, или пак оние што може да се дообликуваат по сопствен вкус, а може да се комбинираат со речиси сè.

Од друга страна, Tportal.hr потсетува дека токму боросаните со пар прсти што вират низ дупката на предната страна и сензационалниот дизајнерски отвор на петата, се квалификувани во неколку листи на најлоши женски обувки во историјата, како отелотворение на невкусот и трешот. Сепак, без оглед на тоа дали ви се допаѓаат или не, боросаните секогаш ќе бидат многу повеќе од обувки - тие се симбол на едно време. 

Извор: Radiosarajevo.ba, Tportal.hr.  

ОкоБоли главаВицФото