1011 hPa
66 %

10 °C
Скопје - Пон, 17.03.2025 09:12
Лек кој би можел да го излечи аутизмот наскоро би требало да биде тестиран врз заболени деца. Лекот со име Сурамин веќе е користен за лечење на „спијачка болест“ во Африка, а на тестовите врз глувци се покажало дека тој ги отстранува симптомите слични на оние на аутизмот.
На молекуларно ниво, овој лек ја нормализира конекцијата во мозокот и сигнализацијата помеѓу ќелиите, а влијае и на метаболизмот; се смета дека овие работи лежат во основата на пореметувањето. Лекот делува на ќелискиот систем кој произведува одговор на организмот на стресот. Според новата теорија, аутизмот е повран со овoj проблем.
Американски научници открија дека лекот поправа 17 видови абнормалност поврзани со аутизмот кај генетски модифицираните глувци, кои вклучуваат и проблеми со општественото однесување.
Аутизмот е широко распространета состојба, главно кај децата, која влијае врз способноста на личноста за социјализација и комуникација, а има и разорно дејство врз целиот нивен живот.
„Нашата теорија претпоставува дека аутизмот се случува бидејќи ќелиите заглавуваат во одбрана на организмот и не можат нормално да комуницираат помеѓу себе, што влијае на развојот на мозокот и неговите функции“ , вели професорот Роберт Навио, заменик директор на Центарот за митохондријални и метаболички болести на Универзитетот Калифорнија.
„Користевме лекови кои се користат речиси цел век за лечење на други болести. Овој пат ги користевме за да го блокираме опасниот сигнал во мозокот на глувците, допуштајќи им на ќелиите да се вратат во нормална состојба на метаболизмот и да ја обноват комуникацијата. Нормално, патот од исправањето на абнормалностите на глувците до лечењето луѓе е далечен. Сепак, доволно сме охрабрени за да почнеме мали клинички тестови врз деца со пореметување во аутистичкиот спектар уште оваа година. Тестирањето е сè уште во раната фаза од развојот. Мислиме дека овој пристап ќе доведе до развој на нов вид лекови со кои ќе се лечи аутизмот“, додава Навио.
Извор: klix.ba