50 години од првиот албум на Битлси

23.03.2013 17:03
50 години од првиот албум на Битлси

Првиот албум на легендарната ливерпулска четворка Битлси „Please please me“ е објавен на 22 март 1963 година, а снимен е во само еден ден, во текот на една студиска сесија. Веднаш по снимањето во студио, бендот се вратил на турнејата.

Сите четиринаесет песни, колку што ги има на албумот, се снимени во рок од дванаесет часа, а последната песна на албумот „Twist and Shout“ е снимена од првиот обид. „Сакаа да пробаат уште еднаш, но Џон Ленон сфати дека нема што повеќе да се работи на песната и сесијата заврши“, пишува Ијан Мекдоналд, хроничарот на Битлси.

Албумот се наоѓал на првото место на топ листите во Велика Британија цели триесет недели, за да биде симнат од тоа место - од следниот албум на Битлси, „With the Beatles“. Со излегувањето на првиот албум започнува вистинска манија по Битлси, а единаесет од нивните дванаесет следни албуми се нашле на првото место на топ листите во Британија.

Последниот албум на Битлси „Let It Be“ е издаден во 1970 година, а потоа членовите на бендот продолжуваат со успешни соло кариери.

Извор: www.portalanalitika.me

ОкоБоли главаВицФото