Окупирана Партизанска

26.03.13 14:10

Еве како изгледа проблемот на Партизанска, одблиску.
Зумирани се неградски, недостоинствени и пред с
è небезбедни ситуации во кои секојдневно се наоѓаат велосипедистите и пешаците при движењето на овој потег. А има и многу други такви во градот.

Логично е дека автомобилот ќе биде преферирано средство за превоз зашто е толериран и кога загрозува нечија безбедност со лошото паркирање. Другите, пак, (пешаците и велосипедистите) се оставени сами на себе, да се протнат во теснеци и да си пронајдат пат. Иако патеки за нив на овој потег има, тие не се почитувани.

Повеќе за проблемот со окупираните патеки и за Критична маса 11 која е посветена на тој проблем може да прочитате овде.