(Видео +18) Секс скандал: партија ебела граѓани во здрав мозок!

28.03.2013 11:11
(Видео +18) Порно скандал: партија ебела граѓани во здрав мозок!

Скопје, 28 март 2013

Неколку денови по завршувањето на првиот изборен круг, јавноста ја потресе најголемиот секс скандал во независна Македонија! На интернет се појави снимка со оргија на која се гледа како видни политичари од власта имаат секс со гласачите кои без исклучок се во пасивна улога!

Според сознанијата на нашата редакција, видео снимката се појавила непосредно по започнувањето на кампањата за локалните избори, но дури по изборите граѓаните сфатиле дека станува збор за експлицитни секс сцени.

Скандалот го открил уредникот на политичко-еротскиот магазин „Електор“, Порнољуб Расплодовски од Долно Дупени, кој без да сака, на повеќе телевизиски канали ја гледал видео снимката. Според него, јасно се гледа дека партијата ги ебе граѓаните во здрав мозок.

„Кој не може да го види тоа, навистина не заслужува подобар живот“, вели Расплодовски.

Ексклузивно, Пара вести ви овозможува да ја погледнете снимката, па сами оценете за што се работи.