Критична маса #11

28.03.13 16:58

На 27 март се по единаесетти пат се одржа настанот критична маса, со почеток во 17:30 часот од платото спроти зградата на владата, окупирано со автомобили. Велосипедистите се движеа по улици каде патеките редовно се окупирани со возила.

Групата „НаТочак“ која го организираше настанот им се обрати преку флаери на возачите на неодговорно паркираните возила низ градот, а ќе се обрати и до одговорните служби во МВР да преземат нешто велосипедските патеки (како што името им налага) да бидат слободни за движење на велосипедистите!

„Не бараме ништо специјално, слободното и безбедно движење е наше право.“, порачува „НаТочак“.