1021 hPa
87 %
9 °C
Скопје - Пон, 14.10.2024 07:59
Додека се чека Врховниот суд на САД да донесе одлука за законитоста на забраната на истополовите бракови, влијателниот магазин Тајм веќе прогласи победа, ставајќи фотографии од геј бакнежи на својата насловна страница.
Станува збор за црно-бели фотографии на кои два истополови парови се бакнуваат: две жени кои се венчале пред две години и двајца мажи кои неодамна се свршиле.
„Врховниот суд сè уште не донесе одлука. Но Америка донесе“, пишува на насловната страница.
„Долго се расправавме во редакцијата“, пишува во воведот на бројот главниот уредник на Тајм, Рик Стенгел: „Некои сметаа дека фотографиите се премногу сензационалистички, премногу директни. На другите сепак им се допаднаа, бидејќи се убави и ја претставуваат љубовта која е основа на бракот. Се согласувам со последниве, а се надевам дека и вие мислите така.“
Поддршка за истополовите бракови во изминативе денови дадоа и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон и републиканскиот сенатор Роб Портман.
Триесет и девет американски држави не дозволуваат истополови бракови, додека преку референдум такви бракови легализираа девет држави.
Извор: www.time.com