1025 hPa
81 %
7 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 03:59
Оваа наша држава и народ главно се толку сјебани и расипани што дури и педерите се педери у душа. У цел свет педерите и другите припадници на ЛГБТ се борат за своите права со маршеви, паради, настапи во медиуми, лоби групи, реклами, дебати, колумни, книги итн., додека кај нас тие се скриени, си тераат ќефот и оставаат ние либералните и прогресивните да ги биеме нивните битки и да го јадеме ќотекот наместо нив... Кое педерско понашање, еј!
Го гледам извонредниот велешки глумец како игра на „Танцот на Ѕвездите“ на МТВ. Боже човече, ако овој човек не е педер, не знам кој е. И си велам, ако овој човек со толкаво влијание во македоснката јавност кој има статус на културна ѕвезда, ако тој молчи за својата сексуална ориентација и ги премолчува сите навреди на јавната сцена на сметка на ЛГБТ припадниците, тогаш како ние ќе стигнеме до она толерантно општество кон кое се стремиме?!
Па луѓе бе, ако мислите дека овој проблем ќе се реши со семинарчиња и трибини високо горе на падините на Шара и Бистра, гадно сте се заебале. Ова конзервативно суеверно малограѓанско општество се руши само со акција, со гласност, со отворено зборување на темата, со рушење на стравот кој владее кон припадниците на ЛГБТ заедницата во Македонија, а тоа е дека тие се психопати и лудаци...
Во моментов во светски рамки се случува еден револуционерен процес кој е историски. Имено, во САД во моментов на анкетите за јавно мислење за прв пат во историјата американската јавност смета дека не е проблем да се дозволи геј брак на федерално ниво. Сè поизвесно е дека Обама ќе го заврши својот мандат со трите политички дијаманти на либералите: легален престој за десетте милиони нелегални имигранти, забрана за автоматско и полуавтоматско оружје со шаржери над десет куршуми и легализација на геј браковите на федерално ниво. Ова е епохален пораз на конзервативната Америка, а победа на прогресивната и либералната. Но, таа победа не дојде сама од себе, туку крваво се работеше на тоа. И тоа од сите страни беше бомбардирана американската јавност со филмови, емисии, геј лобито ровареше длабоко во политичките партии, сенатот и конгресот, а особено битката беше жестока на медиумски план. Од десет главни водители на емисии во САД, најмалку тројца се отворено геј: познатата шоуменка и лезбејка Елен Деџенерис, супер славниот политички водител на Си Ен Ен Андерсон Купер и политичката новинарка на МСНБЦ, Рејчел Медоу. Не само тие, туку многу славни фаци исто така отворено си кажаа дека се геј и продолжија со своите активности промовирајќи дека ако си геј не значи дека си педофил или лудак, туку само различно се ебеш, ништо повеќе. Тука особено се истакнаа оскаровката Џоди Фостер и пејачот Рики Мартин кои собраа храброст и ризикувајќи ги своите кариери отворено кажаа кои се и што се. Таквата храброст ја немаа Џон Траволта и Том Круз.
Дебатата за правата на ЛГБТ во Македонија не е ни почната суштински. Не почнала бидејќи оние најзасегнатите се типични Македончиња како и повеќето други: педерчиња у душа. Лично знам едно десет јавни фаци кои се геј и кои се кријат, па дури и фројдовски јавно ги напаѓаат ЛГБТ припадниците за да си ја ишкаат мувата од капата... Дури и една режисерка која цело време наоколу труби дека е лезбејка, на последниве избори даде поддршка на ВМРО ДПМНЕ, иако оваа партија демагошки цело време ги масакрира ЛГБТ и нивните права на јавната сцена за политички да профитира, и не само тоа, туку и во законите за борба против дискриминација ЛГБТ беше изоставена како цел и основа на дискримација, со што им се намигна на сите да им се ебе матер на припадниците на ЛГБТ прописно во секоја прилика...
Иако дебатата не е ни почната, еве сепак да си го кажам ставот. Педер односно лезбејка се раѓаш, и тоа не мора да значи дека тој човек е полош или подобар од другите. Како некој ќе се онади си е негово лично право и за тоа не треба да биде дискриминиран. Каков родител ќе си, добар или лош, не зависи од тоа како се ебеш. Јас, на пример, никогаш не сум ги видел, фала богу, моите родители како се ебат и тоа ич не ми е битно. Битно ми е да ме сакаат, да се гордеат со мене и да ми даваат поддршка. Толку е муабетот. Секако, ако вклучиш во дебатата и религија и суеверие и страв и традиција и недостаток на минимум интелигенција и емпатија, добиваш тоа што добиваш, нешто од типот на Јанко и Миленко и останати битанги кои шират зла крв во етерот. На моменти тоа го прават и ликови кои важат за умни и напредни, а уствари се само изгланцани и камуфлирани лепешки, како Трендо, на пример, кој во неколку наврати си го покажа лицето со напади кон хомосексуалците на неговиот портал: најсвеж пример ми е кога голманот на германската ракометна репрезентација нè нападна вербално и он објави слики од него како се бакнува со друг маж, во стилот ти ли бе најде, глеј каков си беден, педер си...
Значи, да резимираме. У оваа држава постојат десетици индивидуи кои или до сега земале околу пола милион евра НГО донации секој, или пак самите се јавни фаци и се геј, но и тие и тие се плашат или пак ги мрзи да влезат во клинч со конзервативната јавност и да се борат за либералната и прогресивна нарација да добие на замав у оваа вукојебина. На првите тоа би требало да им е работа и должност, на другите лична битка. Поради тоа ние губиме стотици млади луѓе годишно кои заминуваат од Макеодија во потрага по лична слобода. А тие луѓе обично се и многу креативни и паметни. Погледнете го само фактот дека најголемите геј центри во САД се Сан Франциско, Бостон и Њујорк. Првиот град е центарот на силиконската долина која е хајтек рај и седиште на џиновите Apple, Facebook, Google, Oracle итн., вториот град е центарот на високото образование во светски рамки (Харвард, МИТ, Бостон Колеџ, Масс Универзитет, Тафт Универзитет итн.) и истражувачки центар за биотехнологија и медицина, а третиот = сами знаете, финансиски и моден главен град на светот... Тие се моторите на САД, а ние ги губиме овие креативни луѓе затоа што ги малтретираме безвезе и после се нервираме кога ќе измислат некој бизнис или продукт во САД наместо тука, или да отворат тука фабрика или компанија и да вработат млади луѓе...
Најинтересен момент во целава приказна ми е фактот дека сите овие хејтери кои 24/7 плукаат по припадниците на ЛГБТ припадниците не се ни свесни дека секој ден се опкружени со креациите на овие луѓе. Што мислите, колку од песните што ги слушате, облеката што ја носите, уредите и апликациите кои ги користите се креирани и обмислени од геј луѓе? Што мислите, хирургот кој ве оперира и ви го спасува животот, или келнерот кој ве служи, или банкарот кој ви дава кредит, или програмерот кој ви го програмира блогот, или асистентот кој предава и ви објаснува задачи на факултет, кој и да било човек кој вредно си ја работи работата, дали е можеби геј и вие против тој човек сте говореле толку гнасни работи повредувајќи го сосема неоправдано и подло? Ставете се на нивно место, како е да си прогонет, исмеан, напаѓан, па и тепан само затоа што си таков од раѓање и не правиш никому ништо лошо, само сакаш да си го живееш животот, а тој е еден и единствен, прекраток за преправање и глумење...
Извор: maktel.mk
Слики: Joelle Circe