Десетте најзанемарени жени во историјата на архитектурата

03.04.2013 11:42
Десетте најзанемарени жени во историјата на архитектурата

Покрај големите имиња на архитектурата како што се Ле Корбизје, Миес, Рајт и Кан, постојат и еднакво инспиративни жени чиишто достигнувања често се превидуваат поради цврстата структура на општествата. 

Во нивна чест претставуваме листа на десетте најголеми женски имиња во историјата на архитектурата.

Софија Хајден Бенет

Родена во 1869 година во Сатијаго, во Чиле и била првата жена што примила диплома по архитектура на Институтот за технологија во Масачусетс во 1980. Меѓутоа, дипломата тогаш не гарантирала вработување и по неуспешната потрага, се вработила како наставничка по техничко цртање во едно училиште во Бостон. Во 1891 година, се пријавила на натпревар за архитектки за дизајн на Women’s Building, зградата што ќе биде дел од комплексот на Светската колумбиска изложба во Чикаго. Нејзиниот предлог се состоел од три згради во италијански ренесансен стил. На 21 година, Хајден го освојува првото место и добива парична награда од 1000 долари, што претставувало само една десеттина од она што тогаш го добивале мажите.

Во текот на градењето на прокетот, врз Хајден е вршен силен притисок при управувањето и доживеала нервен слон, по којшто била хоспитализирана. Поради тоа, многумина во тоа време сметале дека Хајден е доказ дека за жените нема место во архитектурата. По изложбата, Хајден никогаш повеќе не работела како архитектка.

Марион Махони Грифин

Марион Махони Грифин била една од првите лиценцирани архитектки во светот, но и прва вработена кај Франк Лојд Рајт. Родена е во 1871 година, студирала архитектура на MIT, а по дипломирањето почнала да работи за својот брат којшто ја делел канцеларијата со уште неколку други архитекти, вклучувајќи го Рајт. Рајт ја ангажирал Махони во 1895 година. Бидејќи таа му била прва вработена, Махони имала значително влијание врз развојот на неговиот препознатлив стил, а нејзините визуализациски акварели набрзо станале синоним за работата на Рајт.

Типично за Рајт во тоа време, не и признал никакви заслуги. Нивната соработка завршила во 1909 година, кога Рајт заминал во Европа, а Махони одбила да го води студиото. Во 1911 година се омажила со архитектот Волтер Барли Грифин со којшто го освоиле натпреварот за дизајнирање на новата австралиска престолнина Канбера. Двојката се преселила во Австралија за да го надгледува изведувањето на проектот, а потоа се преселиле во Индија, каде што работеле до смртта на Грифин во 1937 година. По смртта на сопругот, Махони се откажала од работата во полето на архитектурата. Умира во 1961 година.

Ајлин Греј

Ајлин Греј е родена во богато благородничко семејство во Ирска во 1878 година. По студиите по уметност во Лондон, Греј се сели во Париз за да го продолжи своето образование. Набрзо отвора студио во соработка со јапонскиот мајстор Сеизо Сугаваро за да ги усоврши своите вештини. Стекнала слава со лакираниот мебел, а набрзо и понудиле работа како дизајнерка на ентериер за богати покровители. Во својот дизајн користела лакрани површини за да го подели просторот и ги заматила границите меѓу мебелот и архитектурата.

Користејќи го своето искуство во уредувањето на ентериерот, ја дизајнира Е-1027, куќата за одмор на југот на Франција, со својот љубовник Жан Бадовиц. Куќата била совршена пракса за радикалниот дизај на мебел, што станал еден од нејзинте најлегендарни дела. По прекинот со Бадовиц, Греј се дистанцирала од куќата Е-1027. Меѓутоа, знаменититот архитект Ле Корбизје станал опседнат со неа и набрзо изградил мал дом за себе во близина.

Греј го посветила остатокот од својот живот на архитектонски проекти. Во 1937 година, нејзниот дизајн на туристички центар е изложен во павиљонот Esprit Nouveau на Ле Корбизје во Париз. Меѓутоа, набрзо станала асоцијална и изведени се само два нејзини проекти, обата дизајнирани за сопствена намена. Починала во 1976 година.

Греј се смета за една од средишните пионерки на модернизмот заедно со Ле Корбизје и Миес ван дер Рохе.

Лили Рајх

Родена е во Берлин каде што и работела како модна дизајнерка и дизајнерка на мебел. Рајх и се придружила на германската работничка федерација, Deutscher Werkbund, и во 1920 година станува првата жена директорка на таа организација. Својата дизајнерска работа ја продолжува во Франкфурт каде што се запознава со Миес ван дер Рохе. Стануваат многу блики и наскоро Рајх почнува да работи во неговата канцеларија. Во 1928 година, двојката е именувана за креативни дирекори на германскиот павиљон на Светската изложба во Барселона, поради што култниот дизајн на Миес долго време се сметал за едно од најзнаменитите дела на модернизмот. Набрзо потоа, Миес ја именувал Рајх за директорка на градба во Баухаус школата. Нејзиниот мандат е прекинат кога школата била затворена во 1933 година по притисок на националсоцијалистичката партија.

Рајх е заслужна за зачувување на повеќе од 4000 дела на Мисе во текот на Втората светска војна. По војната се вработила како професорка по дизајн на ентерирер и теорија на градба на берлинскиот Универзитет за уметност. Умрела во 1947 година.

Шарлот Периан

Периан студирала дизајн на мебел во Париз и се вработила во студиото на Ле Корбизје каде што ги дизајнирала трите најелегантни столици – B301, B306 и LC2 Grand Comfort. Во 1937 година ја оснива Union des Artists Moderns и била заслужна за додавање човечност на рациналните дела на Ле Корбизје. Нејзиниот дизајн бил пристапен, преферирала дрво и трска наместо скапи материјали. Незината цел била да се развие мебел што ќе биде функционален и привлечен за масите.

Во 1940 година Периан била повикана да отпатува во Јапонија за да стане советничка во Министерството за трговија и индустрија. Две години подоцна, во текот на војната била приморана да ја напушти земјата. Додека се обидувала да се врати во Европа била притворена од страна на поморската блокада и протерана во Виетнам. Тамо студирала источен дизајн, вклучувајќи ткаенини и столарија, коишто имале големо влијание врз нејзината подоцнежна работа.

Џејн Дру

Џејн Дру, раната заговорничка на модерната во Англија, била заслужна за доведувањето на делата на Ле Корбизје во Индија. Архитектка и урбанистка, Дру се образувала во Лондон и била една од главните оснивачки на MARS, англискиот модернистички проект чијшто принцип бил „користење на просторот за човекова активност, а не за стилизирани конвенции“.

Дру работела на неколку големи проекти по цел Лондон, самостојно и во партнерство со нејзиниот сопруг Максвел Фрај. Во склад со сопствената идеологија, голем дел од нејзните проекти се состојат до ценовно пристапни куќи во Англија, западна Африка и Иран. Импресиониран од нејзината работа во Западна Африка, индискиот премиер и понудил на Дру да го дизајнира Чандигар, новиот главен град на Панџаби. Дру била несигурна во своите способности и го замолила колегата модернист Ле Корбизје да придонесе за реализацијата на проектот. Дру го користела градот за експериментирање со новата социјално освестена станбена стратегија којашто имала одредувачко влијание врз дизајнот на куќи во цела Индија.

Лина Бо Барди

Откако реализрала најголем дел од своите проекти во повоен Бразил, италијанската архитектка Лина Бо Барди била засенета од футуристичките дела на архитектите како што е Оскар Нимејер. Меѓутоа, Лина е позната како архитектка на којашто луѓето и се секогаш на прво место, и по прекрасната архитектура што станарите ја обожавале. Родена е во 1914 година, а дипломирала на Факултетот за архитектура во Рим во 1939 година. Набрзо се преселила во Милано каде што почнала да истражува и други нови области. Така, во 1943 година, станува директорка на магазинот Domus.

Бо Барди се сели во Бразил во 1946 година, а следната година е повикана да го дизајнира музејот Assis Chatoubriand во Сао Паоло, што стана еден од најзначајните музеи во Латинска Америка. Во 1951 година го завршила проектот Glass House, нејзиниото приватно катче, што станало средиште на модернизмот во Бразил. Во 1958 година Бо Барди добива повик да го дизајнира музејот на современа уметност Бахал во Ел Салвадор. По воениот удар во 1964 година, таа го поедноставила проектот и станала она што самата го нарекува „лоша архитектка“.

Ен Тинг

Истакната теоретичарка на архитектурата на 20. век, Ен Тинг била во средиштето на работата на Луис Кан. Родена во Кина во 1920 година, станува една од првите жени што била примена во школата за дизајн на Харвард. По дипломирањето работела за неколку њујоршки студија пред да се пресели во Филаделфија, каде што и се придружила на фирмата Кан, Stonorov & Kahn.

Никогаш самостојно не дизајнирала објект, но со оглед на заедничката фасцинација од геометријата, станала клучна за проектите на Кан. Некои ја нарекувале негова муза, а Брукминстер Фулер ја нарекувал „геометриската стратегија на Кан“. Во многу негови проекти е видливо нејзиното влијание, особено во куќата Trenton Bath во галеријата Yale Art.

Норма Мерик Скларек

Норма Мерик Скларек е првата Афроамериканка што добила архитектонска лиценца и дозвола за работа во Калифорнија, и првата Афроамериканка избрана за соработничка при Американскиот институт за архитекти. Родена е во Харлем во 1926 година. По подолга потрага, се вработила во студиото Skidmore Owings & Merill.

Во 1960 година се преселила во Калифорнија и работела за Green Associates, каде што го чувствувала притисокот поради својот пол и националноста. Покрај тоа, се истакнала со својата работа и била именувана за директорка на компанијата. Во текот на својата кариера, Скларек стекнала репутација на одлична проектантка што редовно и во рамки на предвиденото време завршува големи проекти. Ги дизајнирала LAX terminal 1 и американската амбасада во Токио. Во 1980 година, станува коосновач на Siegel & Diamond, најголемата женска компанија во земјата.

Дениз Скот Браун

Дениз Скот браун заедно со својот партнер Роберт Вентури имала огромно влијание врз развојот на архитектонското проектирање во текот на 20. век. Нејзините критики влијаеле на начините на коишто модерните архитекти и урбанисти го доживувале модернистичкиот урбан дизајн. Родена е во 1931 година во Јужна Африка каде што и студирала. Своето образование го продолжила во Лондон, а во 1958 година се преселила во Филаделфија со својот прв сопруг кој починал во автомобилска нереќа една година подоцна.

Во 1960 година Скот Браун докторирала архитектонско планирање на Универзитетот во Филаделфија каде што го запознала својот иден сопруг и партнер Вентури.

Додека предавала на универзитетот Јејл, оформила колегиум наречен „Учиме од Лас Вегас“. Со помош на Вентури и Стивен Изеноур, ја објавила книгата „Учиме од Лас Вегас: Заборавениот симболизам на архитектонската форма“, што станала едно од клучните дела на 20. век.

Извор: archdaily.com

ОкоБоли главаВицФото