Цариник се предал дури кога полицијата му понудила 10 евра

04.04.2013 11:35
Цариник се предал дури кога полицијата му понудила 10 евра

Скопје, 4 април 2013

Полицијата денес уапси четиринаесет цариници и шпедитери осомничени дека ја оштетиле државата, а најголем отпор при апсењето пружил цариникот Б.С. кој се затворил во својата куќарка и одбивал да биде уапсен сè додека досетливите полицајци не му понудиле 10 евра во замена за предавањето.

После кратко размислување Б.С. прокоментирал дека тоа е малку, но дека овој пат ќе им прогледа низ прсти и ќе ги земе понудените пари, а потоа мирно се предал.

„По добивањето налог од обвинителството веднаш почнавме да апсиме. Проблемот настана кога Б.С. се затвори во својата куќарка, се забарикадира и одби да се предаде. Насилниот упад во неа можеше да доведе до несакани последици, па пристапивме кон преговори“, возбудено вели еден од полицајците кои учествувале во акцијата.

Преговорите кои потоа уследиле практично и не давале резултати сè додека некој од присутните полицајци не предложил на цариникот да му се понуди некоја пара.

„Преговорите околу цифрата траеја извесно време, но веднаш се виде дека цариникот е расположен за соработка“, вели еден од полицајците. „Кога Б.С. на крајот се согласи на 10 евра пријдов до куќарката и му ги пружив парите. Тој побара да му ги дадам така што никој нема да види, а потоа мирно излегов, па можевме да пристапиме кон апсење.“

Како што дознаваат Пара вести, Б.С. на сослушувањето негирал дека кога било во животот примил мито, но додал дека со разумна цифра секаков договор е можен.

Извор: www.njuz.net