Интересни факти за кафето

05.04.2013 14:16
Интересни факти за кафето

Кафето е еден од најпопуларните пијалоци на светот. Малку се оние што не го почнуваат денот со чаша кафе. Легендата вели дека кафето го отркиле етиопските овчари кога забележале дека козите им танцуваат по јадење зрна кафе.

Зборот кафе настанал од арапскиот збор qahhwat al-bun што значи вино од зрна.

100 чаши кафе содржат смртоносна доза кофеин за еден човек.

Бразил произведува најмногу кафе на светот, додека на второ место се Виетнам и Колумбија.

Двата најпознати пијалоци на светот се водата и кафето, и тоа токму по тој редослед.

Во Турција постоел обичај според кој на жената ѝ било дозволено да побара развод, доколку сопругот ѝ донесе чаша лошо кафе.

Велат дека францускиот филозоф и писател Волтер пиел 50 чаши кафе дневно.

Луѓето коишто пијат скромна количина кафе имаат помали шанси да заболат од Алцхајмерова болест.

Називот Americano настанал во текот на Втората светска војна, а се однесувал на девојките што барале да им се додаде вода во кафето бидејќи им било прејако.

Првата интернет камера за надгледување колку кафе останало во приборот за пиење кафе се користела на Универзитетот Кембриџ.

Во Њујорк се пие седум пати повеќе кафе отколку во остатокот од светот. Можеби затоа го нарекуваат Градот што никогаш не спие.

Извор: Radiosarajevo.ba 

ОкоБоли главаВицФото