1015 hPa
52 %

17 °C
Скопје - Вто, 13.05.2025 11:59
Коалицијата за „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ подготви краток документарен филм за хомофобијата во медиумите. Со филмот се отвора темата за тоа како новинарите и медиумите ги презентираат анализите и вестите за ЛГБТ лицата, како и тоа дека понекогаш ги извртуваат фактите наместо да ја информираат јавноста.
Во краткиот документарен филм согворници се професорката Катерина Колозова, Жарко Трајаноски- истражувач и активист за човекови права, активистите од Коалицијата – Славчо Димитров и Ирена Цветковиќ и новинарките Тамара Чаусидис и Кристина Озимец.