Торти зготвени според уметнички дела

09.04.2013 11:28
Торти зготвени според уметнички дела

Од 17 до 20 април оваа година во Виена ќе се одржи првиот кулинарско-уметнички фестивал насловен „Уметноста и колачите“. Во рамки на оваа манифестација единствена од овој вид, пет врвни австриски готвачи од најпознатите австриски слаткарници како што се Diglas, Groissböck, Kaplan, Landtmann и Oberlaa ќе ги претстават своите торти создадени според уметничките дела на современите автриски уметници.

Изложбата на овие слатки уметнички дела ќе се одржи во најпознатата трговска улица во Виена, Mariahilferstrasse, во студиото на организаторите на изложбата KMG Kultur und Medien, а слатките уметнички дела ќе бидат поставени рамо до рамо со оригиналите.

Пред да почнат со готвењето, слаткарите добиле фотографии од уметничките дела коишто со помош на своите торти, формално, содржински и стилски ќе ги интерпретираат. 

Патем, влезот на изложбата и дегустацијата се бесплатни.

Извор: pogledaj.to  

ОкоБоли главаВицФото