Балкански женски бендови

10.04.2013 09:01
Балкански женски бендови

Претставуваме преглед на женските бендови на Балканот, од 1960-тите наваму.

Белградските Sanjalice (1965-1969) се единствениот женски југословенски бенд од 1960-тите што тогаш успеале да снимат некои песни, а издале дури и неколку најпродавани ЕР синглови и имале преку 1000 настапи. За среќа, на интернет може да се најдат ретки архивски снимки од овој бенд снимени од RTS. 

Lutke (1965-1968) се женски бенд од Загреб, активен во средината на 1960-тите. Девојките не издале никаков материјал сè до 1990-тите, кога бендот повторно се собрал и почнале да ги свират старите песни. Нивниот прв официјален албум е издаден во 2005 година.

Една од првите женски вокални групи во Југославија биле Lanci, соул атракцијата од Марибор. Квартетот бил заслужен за успешната соло кариера на Аленка Пинтериќ. Никогаш не издале албум, а во средината на 1980-тите, повторно почнале да настапуваат.

Свирејќи луди диско верзии од познатите југословенски рок хитови од 1970-тите и 1980-тите, на албумот наречен Disco Rock и претставувајќи ја Југославија на Евровизија во 1982 година, Aska се еден од првите женски мејнстрим бендови што ја запознале публиката со (некаков вид) рапување со хит синглот Katastrofa.

Šizike биле претставнички на тогашната хип-хоп сцена, пропратени со неверојатна продукција на фанки ритмови од бендот Master Scratch. Šizike се меѓу ретките што успеале да издадат full-length албум.

Tožibabe се првиот југословенски женски бенд што објавил албум со авторски текстови и авторска музика. Овој словенечки бенд и нивната продукциска куќа FV, издале ЕР со наслов Dežuje, 7" што содржи неколку минути сиров хард-кор панк звук. Песната Moja Praznina се вбројува во најдобрите остварувања на хард-кор сцената во Љубљана.

Првиот женски бенд што објавил full-length албум во Југославија е групата Cacadou Look од Опатија (горе на фотографијата). Албумот се викал Tko mari za čari, а објавен е во 1987 година. Набрзо, бендот го стекнал прекарот „југословенски Банглси“.

Почнувајќи во 1981 година како квартет, Boye веројатно бил навлијателниот и најинспиративен женски бенд во регионот. По synth фазата, што резултирала со неколку сјајни снимки, со сингл плочата од 1987 година, се свртуваат кон рокот. Биле најавувани како „првиот вистински женски звук“.

Девојките од бендот Vibrator U Rikverc, свират најразлични видови инди поп рок панк звук. Раните песни им се моќни, страшни, интелигентни и одлучни, како што е синглот Porno karaoke.

Punčke, се женски бенд од Хрватска, поточно од Винковац, којшто популарноста му ја должи на сопствениот документарец, редовните известувања за своите настапи и поп сингловите како што е Petra Pan.

Загрепскиот женски бенд Žen, со својот комплексен рок звук, уште нема продукциска куќа, но девојките и нивната музика може само да напредуваат.

Извор: voxfeminae.net, bturn.com

ОкоБоли главаВицФото