Творница

12.04.2013 13:28
Творница

ТЕРОРОТ НА СТРУКАТА

Ви велам градите
Таму кај што не сакам
Градите
Како ви е волја
Ви велам градите
Таму кај што е каприц
Магла шума завист
Како да сте малоумни
Како да не знаете

ПРАШАЛНИК

Име и презиме
Адреса
Пол машко женско помеѓу
Женет мажена да не
Бројност на семејството
Кога си заболел од туберкулоза година и месец
Вид лечење домашно болничко
Пушиш да не просечно
Пиеш да не вино ракија во литри
Некој боледува да не од што
Писмен основно средно високо
Занимање
Приход по член
Доход по глава
Стан влажен да
Не од камен
Го чувствуваш ли патосот да не
Имаш ли водопад
Дали се храниш
Колку оброци дневно
Тука напиши го бројот

ГЛУПАВ

Глупав како ноќ.
Глуп. Умно ограничен.
Заостанат. Тапчо. Бесмислен.
Глупак. Глупавичок. Глупачка.
Глуперда. Будала.
Глуп како талпа.
Будалетинка. Будалштина. Мал Буда.
Тапчо до лудило. Абдал. Тапоглавец.
Тапчо-тапчосан.
Глупав како ќускија.
Неотесан. Шуплоглав.
Плиткоумец. Верувајте ми. Кретен.
Кретениште.
Глуп како цепаница.
Блесав. Букоглав. Клапчо.
Лапе. Најпрост. Клапуш.
Муле.
Глуп како точило.
Акмак. Тиквар. Дрндало.
Право. Магаре.
Глупав како земја.
Матув. Сенилен. Брборко.
Глупав како. Глупи Август.

 

РАЗВРАТ

Водење слободен живот.
Лесен живот. Лек.
Живот на филм. Боемски.
Бидување беќар. Бохем. Бекрија.
Џумбусот може да почне.
Водење слободен живот.
Сладок живот. Развратен.
Постелнина од свила.
Топла бања. Фолија. Оранж џус.
Водење разуздан живот.
Распојасан.
Да се има лесна нарав.
Во животот лек. Сребрена лимузина.
Пробување бели вина.
Водење скандалозен живот.
Градење викендичка за блуд.
Распашан живот да се води. Лек.
Распуќин. Земање слободен ден.
Дразнење клиторис.
Водење живот лек.

ПОЛОВА ВРСКА

Половата врска почнува
Со меѓусебно надразнување на партнерите
На оние делови од телото
Кои се особено осетливи на допир
Половата врска може
Да се оствари само во сексуална заедница
Брак
За половата врска важен е
Здрав мотив
Сексуалниот партнер
Мора да биде физички привлечен

 

ПРОГЛАС

Брак склопен меѓу
Сродници по крв
Брак од страв предизвикан со закана
Брак неподнослив
Многуважен со опасна
И тешка
Болест
Со блудни навики
Брак полово немоќен
За ништовен ќе се прогласи

 

ПОЧЕТОК

Само за време на парењето
Женката живее со мажјакот
На почетокот од заедничкиот живот
Куќата ја обложува со тапети
Нетрпеливоста почнува со трудовите
Затоа кртицата уште од малечка
Главно
Живее сама

ЕЛЕКТРИЧЕН СУШАЧ ЗА КОСА

Со есента
Кога паѓа со пролетта
Мошне непријатно е
Да се чека косата
Над печка
Да се исуши
Да замириса
Виор. Развигор. Повев. Веј.
Се користи и за
Парчиња ситна фина руба
Најлонски кошули
Костум од твид и
Костим од чоја
Дувнување. Пафтање. Дување.
Електричен ветер. Фен.


ФИЛМОВИ

Лете
Не перете филмови
Во застоена вода
Со голема бактерија
Лете
Не перете
Оти во филмот
Ќе останат дупчиња мали кратери
Како мали стапалки во свеж пат

 

САБОТАЖА

Тука не се зборува само за
Масовни саботажи
Просипување бодликава жица
Дупчење воени возила
Тука не се зборува само за
Саботажите на железницата
За расипување сообраќајни направи
Вагони
Локомотиви
Телефонски направи
Мостови
Тука не се зборува само за
Саботажи на претпријатија
За ликвидации на шпиони
Предавници
Тука не станува само збор
Тука се саботира поезијата

Превод: Виктор Шиков
Слики: Diane Meyer

Драгана Младеновиќ е родена во Франкенберг 1977 година. Димпломирала во Белград, на Филолошкиот факултет, а живее и работи во Панчево.
Ги објавила поетските збирки: Во тоа воопшто нема поезија (2004), Распад на системот (2005), Творница (2006), Асоцијална програма (2007), Омотот на списите (2008),Роднини (2010) и Магда (2012.

Граѓа за убав роман ги опфаќа трите нејзини збирки, кои сочинуваат неформална трилогија: Творница, Омотот на списите и Роднини.

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото