Заводот за вработување вети дека милионитиот невработен ќе го вработи во заводот

12.04.2013 21:59
Заводот за вработување вети дека милионитиот невработен ќе го вработи во заводот

Скопје, 12 април 2013

Националната служба за вработување соопшти дека бројот на невработени во Македонија изнесува околу 800.000, поради што надлежните дошле до идеја јубилејното милионито невработено лице да го наградат со работно место во истата служба.

Од Заводот за вработување соопштуваат дека се надеваат дека до овој јубилеј може да дојде веќе до крајот на годината.

„Со години гледаме како се зголемува бројот на лицата под Завод. За жал, не организиравме никаква награда за претходните јубилеи со шестотини, седумстотини и осумстотини илјади невработени, но затоа во вистински момент почнавме да се подготвуваме за милионитиот невработен“, вели Мартина Аргатковска.

Таа вели дека со денови размислувале како би можеле да го наградат ова лице и сфатиле дека во согласност со нивната служба, можеби би можеле да пронајдат некакво работно место.

„Сфативме дека до тој момент имаме само неколку месеци, што за нас претставува премногу краток период да пронајдеме некое работно место. За среќа, колешката Ана Умникова нè потсети дека до крајот на годината оди во пензија, па дојдовме до идеја на среќното милионито невработено лице да му понудиме вработување во Заводот за вработување“, вели Мартина и додава дека тој настан ќе биде причина за двојно славје, бидејќи Националната служба ќе прослави еден од ретките денови кога нашла работа за некого.

Извор: www.njuz.net