Крој

13.04.2013 07:56
Крој

Ќе ја украдам твојата сенка, ќе ја облечам на себе и ќе им ја покажувам на сите
Ќе бидеш мојот начин на облекување на с
è нежно и тајно
Па и тогаш, кога ќе дотраеш, излитена, избледена, нема да те соблечам од себе
На мене ќе се распаднеш
Бидејќи ти си единствениот начин да ја покријам голотијата на оваа детинеста душа

И повеќе да не се срамам пред билките и пред птиците
На искинатите места, заедно ќе плачеме
Ќе те зашивам со ветерот
Потоа, знам, ќе ја помешам мојата кожа со твојата
Не знам дали ме сфаќаш: тоа не е проникнување
Тоа е измивање со тебе

Љубовта е чистење со некого
Љубовта е нечиј мирис, сиот исткаен по нас
Тетовирање со фантазија
Еве, слегува самракот, и светот станува постуден
Ти си мојот начин на топло

Ќе те облечам на себе, за вака накиснат да не настинам
од мојот студен страв и од самотијата.

Превод: Иван Шопов
Слика: Марк Мелон

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото