МВР распишува конкурс за имиња на полициски акции

20.04.2013 12:48
МВР распишува конкурс за имиња на полициски акции

Скопје, 20 април 2013

Поради големиот број спектакуларни полициски акции, Министерството за внатрешни работи се соочува со недостиг од имиња за истите. Од МВР планираат да го решат проблемот со распишување отворен конкурс за избор на имиња на полициските акции.

Право да испраќаат предлози имаат сите граѓани на Република Македонија, а право на гласање преку интернет имаат само оние со криминално досие, како и граѓаните чија судска постапка е во тек и сè уште немаат пресуда.

За најкреативните и најинтересните предлози се предвидени вредни награди: прошетка низ криминалистичкиот музеј, ваучер за намалување шест месеци од затворската казна (во случај повторно да бидат затворени), темелна масажа во полициска станица, директен пренос на телевизија при евентуално идно апсење и многу други.

Издвојуваме дел од пристигнатите предлози за имиња на акциите: Козјо сирење, Пустинска петарда, Наместена утакмица, Мито бекријо, Мавни ѝ на камерата, Неудобна фотелја, Шеќер во прав, Билјарката, Мачкина опашка, Бубрег во гној, Планинарски дом, Со поише кечап, Камај, Крокодилски чевли, Крпен Крајслер, Министерски брк, Запршка, Кум 1, Кум 2 и многу други.

Пристигнатите предлог-имиња ќе бидат објавени на веб страницата www.odmvrkumon.gov.mk, а резултатите ќе бидат објавени по два месеци на истата страница.

Слика: Банкси